На прво место

Симболиката на 23 октомври и неговата порака која одекнува веќе еден век

vmro-23-okt

vmro-23-okt

Формирањето на Македонската Револуционерна Организација(МРО) кое се случило на 23 октомври 1893 година е празникот родоначалник на сите останати празници од совремната македонска историја,а најмногу од периодот на македонското револуционерно будење односно борбата на македонскиот народ за своја држава и национални права.

Кога на овој ден во Солун се собрале шестмината македонски дејци Даме Груев,Христо Татарчев,Иван Хаџи Николов,Христо Батанџиев,Андон Димитров и Пере Тошев всушност на основачкиот конгрес ја дале целата македонска национална програма,за тоа како борбата треба да се води,дека Македонија најпрво треба да добие автономија па потоа нејзин следен чекор во националната борба да биде целосен суверенитет.

За самиот чин на формирањето Даме Груев ќе каже: “Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (род. од солунското с. Ајватово, сега член на битолскиот суд); д-р Христо Татарчев, Хаџи Николов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина). Со нив ја обновивме старата идеја. Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во неговата основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот договор.” А Иван Хаџи Николов пак за целите на организацијата во своите спомени ќе нагласи:

“1) Организацијата да е тајна и револуционерна.

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна.

3) Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност.

4) Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија.

5) Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.”

Токму од овие изјави на нашите дејци треба да разбереме дека со формирањето на МРО која ќе добие и свој статут и правилник,всушност за прв пат во македонската историја имаме групирање и детално односно студиозно зафаќање со македонското прашање кое тогаш во екот на Источната криза требало да добие соодветен третман а со самото тоа и соодветно решение.

Организацијата исто така требало да биде на одредена раздалеченост и да биде колку што може повеќе независна од владите и политиките на соседните држави а особено од Бугарија,која веќе до тогаш во Македонија развила силна просветна и духовна дејност,но за жал исто така и кампања на побугарување на македонското егзархиско население која најмногу се развивала преку просветата и духовниот живот.

Иако првиот устав на МРО носи име”Устав на бугарските македоно-одрински комитети” не треба да не наведе на тоа дека МРО била бугарска формација поради две причини:

1.Бугарија веќе си имала свое кнежество кое го стекнува по Берлинскиот договор и со тоа нејзината борба за национална слобода и државност завршува.Сите понатамошни борби на Бугарија во Македонија како братски сојузник на македонската борба нема да биде ништо повеќе,туку еден мизерен обид за остварување на нејзините големодржавнички и територијални прентензии не само кон Македонија туку и кон соседните држави.

2.За овој назив Крсте Петков Мисирков во својата книга “За македонцките работи” дал едно доста добро објаснување: “Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија”. Односно со ова тој сака да каже дека Уставот има за цел да го придобие егзархиското македонско население кое тогаш поради припадноста кон бугарската егзархија било нарекувано бугарско население(како и делот од населението кое се молело во патријаршиски храм па било нарекувано грчко население).

Од тука можеме да заклучиме дека пораката на 23 октомври и на МРО е секогаш да се држиме на дистанца од соседите бидејќи барем на Балканот секоја една држава му е на другата волк односно, едвај чека едната да падне па другата со неа да загосподари.Дек треба претпазливо да се однесуваме,да ја чуваме нашата татковина,да ја унапредуваме,бидејќи во коренот на револуционерната борба е борбата за подобро утре,за напредок, за иднина.

Низ вековите одекнува вечната парола”Автономија на Македонија”и “Македонија на македонците” пораки кои понатаму ќе станат темел и за АСНОм и на крај за формирањето на македонска независна држава во 1991 година.

Но тука борбата не запира секогаш ние треба да се бориме за подобро утре,за еманципација на Македонија во меѓународните организации,да се трудиме Македонија да допринесе кон светскиот мир со еден збор да го довршиме тоа што нашите дејци го започнале.

Васко Гичевски

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top