На прво место

1991 година, беше само врв, симболика, на нешто што трајно копнееше во душите и срцата на сите Македонци

462539348 2265726413803700 7506315550622649848 n

462539348 2265726413803700 7506315550622649848 n

КОН 83 – ГОДИШНИНАТА ОД ВОСТАНИЕТО НА 11 ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА

Стремежот за слобода и создавање на сопствена македонска држава, биле причина, кон крајот на ЏИЏ и почетокот на ЏЏ век, македонскиот народ да крене повеќе востанија. Во нив учествувале илјадници борци. За некои се знае повеќе, за некои помалку, а има и такви за кои не се знае скоро ништо. Поради неповолните политички, воено-стратешки и меѓународни интереси, за жал, ниту едно востание не завршило со успех. Меѓутоа, сите тие востанија оставиле траги и длабоко се врежале во групната меморија на Македонците, како значајни настани кои го трасирале патот кон остварувањето на националните интереси на македонскиот народ – национална слобода и создавање самостојна македонска држава. Овие национални стремежи бескомпромисно и на најсоодветен начин биле практично применети и остварени со почетокот на востанието на 11 октомври 1941 година.

Востанието на 11 октомври 1941 година започнало во специфични и крајно неповолни прилики за македонскиот народ. Македонија по капитулацијата на Кралството Југославија, во април 1941 година, била поделена, со благослов на Германија, помеѓу Бугарија и Италија. Биле воспоставени два различни административно окупаторски органи на власт, кои во почетокот силно се ангажирале да го етаблираат на целата територија на Македонија својот воен, полициски и административно-управен апарат. Во тоа целосно успеале. Потоа етапно, но многу суптилно се започнало со асимилација и денационализација на целиот македонски народ, а особено на училишната и вонучилишната младина во училиштата и другите установи. Како припомош била вклучена и црквата и сиот друг административно-управен апарат. За разлика од бугарската, италијанската власт, која го окупирала Западниот дел на Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и дел од Преспа) вовела албанска административна власт. На тој начин Македонија била вклештена меѓу две силни држави кои располагале со огромна ( за тоа време) воено-полициска и политичка моќ. Но, сепак, тоа не пречело, македонскиот народ да се организира и крене на вооружено востание. И тоа доста бргу, имајќи ги предвид тогашните воено-политички прилики.

11 октомври бил само логична последица и акт кој од поодамна тлеел и се разгорел токму на овој ден. Востанието започнало во Прилеп, набрзо се проширило и во Куманово и прераснало во семакедонско востание. Затоа, 11 октомври 1941 година е повеќезначајно според карактеристиките и целите што биле поставени.

Востанието на 11 октомври било продолжение на востанието од 1903 година, зашто тоа се темели врз програмската платформа на ВМРО и Гоце Делчев, врз платформата на Илинден и Крушевската Република. Затоа сведочи и фактот што првите партизански одреди ги носеле имињата на корифеите од Илинденското востание. Повикувањето на идеалите од Илинденското востание и борбата за создавање македонска национална држава, било евидентно и во голем број летоци, прогласи и друг пропаганден материјал што се растурал низ цела Македонија. Оттука логично е дека востанието не било кренато по ничија директива, најмалку по директива на КПЈ, иако таа сигурно имала влијание и значајна улога, туку востанието започнало благодарение на големата желба на македонскиот народ за своја слобода и држава. Затоа востанието на 11 октомври е автохтоно и општонародно, а не социјалистичка револуција, како што се сметаше до скоро во нашата историографија. Во Македонија за цело време на Втората светска војна воопшто не се споменувал социјализмот или пак некаква социјалистичка револуција. Оваа идеолошка определба е многу подоцна наметната, пред се за партиски потреби само на комунистите, за остварување на некави нивни, замислени интернационални идеолошки интереси кои по војната беа во тренд.

Востанието од 11 октомври имаше уште една димензија, а тоа е неговиот антифашистички карактер, односно борбата против фашизмот како најголемо зло на човештвото. На тој начин востанието од 11 октомври доби меѓународен карактер, зашто беше востание кое застана на страна на големиот антифашистички блок, односно на страната на целокупното прогресивно човештво воопшто во светски размери. Тука е големината на ова востание и тука е придонесот на македонскиот народ кој вклучувајќи се во овој блок всушност се приклучи кон прогресот, развојот и политичката стабилност што настана по војната. Иако се правеле обиди, особено по војната од страна на Комунистичката партија, востанието да се прикаже и како борба за создавање на нова Југославија, сепак, тие беа со краток здив и не беа општоприфатени, бидејќи, за цело време на Националноослободителната војна македонската војска не се бореше за ослободување на Југославија, туку за ослободување на Македонија. Затоа и Македонската војска нарасна на импозантни сто илјади војници, кои беа респективна воена сила. Но, во 1945 година, со одлука на Јосип Броз Тито, Македонската војска, како и војските на сите други републики, биле приклучени кон единствена ЈА односно ЈНА. Така се изгуби силата и автохтоноста на Македонската војска.

Идеалите поради кои се крена востанието на 11 октомври биле, меѓу другите и обединувањето на целата територија на Македонија, и тоа Пиринскиот, Егејскиот, Вардарскиот и делот под Албанија. Меѓутоа, овие идеали, во текот и по војната паднаа во вода. Ставот на Тито беше Македонија да остане распарчена и понатаму, односно сите останати делови од Македонија да останат и понатаму во составот на Југославија, Грција, Бугарија и Албанија. Со тоа не се согласи најголемиот дел од македонскиот народ и Македонската војска. Последиците биле побуна на Македонската војска, која што била набргу задушена, а потоа, реорганизирана и во голем дел била испратена на Сремскиот фронт.

Желбите останале неостварени. Но тоа не значело и помирување со таквата ситуација. Создавањето на посебна македонска држава во 1991 година, беше само врв, симболика, на нешто што трајно копнееше во душите и срцата на сите Македонци. Но, сепак, тоа не ќе можеше да биде целосно остварено ако македонскиот народ не се базираше на традициите од 11 октомври и традициите од другите востанија, зашто без 11 октомври Македонија сигурно ќе беше и понатаму српска бановина, односно немаше да биде она што е денес, посебна, слободна и независна македонска држава. Со тоа се уриваат и паѓаат во вода погрешните и злонамерни тврдења за тоа дека Македонија е некаква коминтерновска творба а македонскиот народ измислена нација. Автохтоноста на востанието на 11 октомври е доволен аргумент дека борбата за слобода била вековита, дека македонската држава е единствена од сите на Балканот и пошироко која се ослободила исклучиво со сопствени сили, односно од својата македонска војска, без помош на ниту еден странски војник од тогашните сојузнички сили, поради што никому не треба да се докажуваме и наметнуваме. Затоа 11 октомври е голем и светол датум во поновата македонска историја на кој треба секогаш со пиетет да се навраќаме и сеќаваме.

Malkovski copy

Д-Р ЃОРЃИ   МАЛКОВСКИ

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top