Ако Македонија нема реформи, како што тврди СДС, зошто тогаш Европската комисија предлага поголема финансиска поддршка токму за земјите што покажале најдобри резултати?
Во политиката секој има право на своја оценка, но фактите не можат да се игнорираат. Затоа денес се поставува едно едноставно прашање: кој лаже – Европската комисија или СДС?
СДС тврди дека Македонија нема реформи и дека ризикува да ги изгуби европските средства. Но оценката на Европската комисија говори сосема поинаку.
Според Европската комисија, заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како една од земјите што постигнале најдобри резултати во спроведувањето на реформите. Дополнително, Комисијата предлага реалокација на средства од Планот за раст, при што поголем дел од финансиската поддршка треба да биде насочен токму кон земјите што покажуваат најголем напредок.
Ова не е став на Владата, ниту партиско соопштение. Тоа е оценка на институцијата што официјално го следи и го оценува реформскиот процес во земјите кандидати за членство во Европската Унија.
Затоа, наместо политички квалификации, СДС треба да одговори на едно конкретно прашање: ако Македонија навистина не ги спроведува реформите, зошто Европската комисија предлага токму таа да добие поголем дел од средствата од Планот за раст?
Фактите и официјалните оценки се пред јавноста. Останува само уште едно прашање: кому граѓаните ќе му веруваат – на Европската комисија или на СДС?