На прво место

Нема причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ ги произведуваат

1uv24

1uv24 copy copy copy copy copy copy

Лефков: Нема причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ ги произведуваат, ако  мислат дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лажат

Нема никаква причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ си ги произведуваат сами. По тој принцип СДС секој втор ден ќе бара лидерски. Ако СДС мисли дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лаже. Нека си најдат некој друг начин да му билдаат легитимитет на Филипче, рече пратеникот Миле Лефков на денешната прес – конференција одговарајќи на новинарско прашање за повикот на СДС за лидерска средба.

Лефков кажа дека „народот неодамна им кажа што мисли за нив и нивните политики и грабежот што го направија и уништувањето на институциите, банкротирањето на државата“.

„Еве ако сакаат од Филипче да направат лидер, да им предложиме за почеток нека се тргне од џебот и прегратките на Заев. Наместо секој втор ден онака најниско најнедостоинствено да му изразува лојалност.  ВМРО-ДПМНЕ има работа и проекти и вложува напори колку може да ги надмине проблемите наталожени од луѓето во и околу раководството на СДС. А СДС својата криза на лидерство нека си ја решаваат сами како сакаат. Сами си го одбраа сами нека си го нишкаат“, изјави Лефков.

Лефков посочи дека ако сака СДС дискусии за тоа е парламентот.

„Лидерска средба не создава лидери. Ако имаат било каква тема за дискусија ете им го парламентот каде можат да дискутираат колку сакаат. Ако кажат нешто суштинско и паметно се разбира ние ќе прифатиме. Но, лидерска средба затоа што едно утро им текнало дека им треба начин да се факторизираат заради провокации кои или тие или нивните ментори од ДУИ ќе ги направат во државата, е тоа не им го прифаќаме. Нема ни логика не е ниту продуктивно за државата. И второ лидерска средба не се договара преку медиуми, тие ако вистински сакаат го знаат начинот“, заклучи Лефков.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top