На прво место

Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?

vmro1

1uv15

Артан Груби од ДУИ со неговите помагачи од СДС со години се мешаа во правосудните органи. За седум годиштното нивно заедничко владеење во криминалната коалиција вршеле притисоци во судството и одлуки се носеле по нивна нарачка и диктат.

Артан Груби, поддржан и помогнат од паретиците СДС, со години палел и гасел, бил алфа и омега во судството. Судиите и обвинителите се бираа во партиските штабови на СДС и ДУИ.

Тоа се гледа и по одлуките што ги носеле. Наместо по закон, судиите носеле одлуки под диктат и налог на Артан Груби.

Кога САД обелоденија, и за тоа го ставија и на црната листа, дека Артан Груби земал пари за да влијае врз судството и да обликува одлуки по негова мерка, прашуваме колку судски одлуки се донесени под негов диктат и колку предмети спречил да го видат светлото на денот?

Од друга страна се поставува уште едно прашање, колку се офајдил Артан Груби, односно колку мито зел за да влијае врз судски одлуки, колку пари спечалил на сметка на забошотување на правдата и со кого ги делел парите?

Од сето ова излегува дека не случајно довербата на граѓаните во судството е само 2%. Таа е ниска поради тоа што судиите не работеле по закон, туку под притисок и диктат на Артан Груби, кој беше вицепремиер во криминалната влада на СДС и ДУИ.

Груби и СДС го приватизираа и си направија судство коие ќе суди по нивна нарачка, а можеби и парите од митото кои ги земал за да влијае на судски одлуки заеднички ги делеле?

Стравот и паниката кај ДУИ и СДС е што сега веќе не можат да влијаат на судски одлуки и обвинија и затоа што им следи приод во кој ќе треба да одговараат за сите криминали што ги правеле.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top