На прво место

ЗНАЧЕЊЕТО НА ВАСИЛИЧАРКИОТ КАРНЕВАЛ ВО ВЕВЧАНИ

980

980

Најголемата карневалска манифестација во Македонија. печалбарските денови „Вевчански карневал“ е манифестација што се одржува на 12 и 13 јануари секоја година во Вевчани, каде печалбарството во Дримкол оставило многу траги кои збоуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за тешкиот живот, зборуваат за неизносените невестински руби и за детството, за големата родителска љубсв…

Целиот Дримкол, сите населени места под Јабланица — Венчани, Октиси, Подгорци и Лабуништа, а и другите струшки печалбарски села и Струга, се празнично расположени во текот на јануари. Овој живописен крај широко ги отвора вратите за печалбарите, да се вратат во своето родно место, на своето огниште. Голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, за карванот на „Василичарите”, на „Печалбарските деновна“ на „Вевчанскиот карневал“, манифестација што се одржува на 12 и 13 јануари секоја година во Вевчани.

Дримкол како и многу други места од Западна Македонија најмногу е познат по печалбарството. Од памтивек од овој крај се одело на печалба. Мајсторите на Дримкол се надалеку познати по своите фасадерски и гипсарски мајстории. Мајсторите од Вевчани, од Бороец. Вишни. Луково, Радожда и другите дримколски села го вградувале целото свое знаење и вештина на најубавите фасади во Белград и многу други градови ширум Балканот и пошироко.

Печалбарството во Дримкол оставило многу траги кои збоуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за тешкиот живот, зборуваат за неизносените невестински руби и за детството. за родителската љубсв. Така, се јавија новите топоними „женски мост“, „плачи камен“, „плачи круша” итн. Тоа се места на разделбите на штотуку мажените невести, на родителите од синовите, на децата од родителите Тоа се места оплакани со солзи; места на разделби.

Денес дримколските мајстори имаат своја организација кои сами со својот труд и мајсторски алат ја формираа во далечната 1956 година, за да ги градат зградите на новиот живот во кои ќе бидат господари на својот труд Тоа е ГРО ,Дримкол”. Оваа работна организација имала свои градилишта ширум цела Југославија, а заедно со други градежни организа. Таа била носител на развојот во општината, особено со отворањето на рудникот за јаглен „Пискупштина“ и развојот на индустријата за градежни материјали. Со тоа, а посебно со изградбата на Хидроцентралата „Глобочица“, дримколскиот крај од чии пазуви се родија и растеа македонските револуционери и творци Арсение Јовков и Војдан Чернодрински. повторно оживеа, но овој пат со еден нов живот.

Кога се патува од Струга кон Дебар, на десетина километри во месноста Суво Поле, недалеку од Црн Дрим, лоцирана е фабриката за терацо и плочки што работи во состав на Градежната работна организација „Дримкол”. Оттука уште четири километри по широкиот асфалтен пат се стасува до Венчани, едно од најголемите, најубавите и најнапредните населени места во Струшко.

9804

Дел од маскираните учесници на „Вевчанскиот карневал

Секој што ќе го посети убавото Вевчани ќе види дека таму се живее градски. Велат дека печалбарите се познати по убавите, големи и раскошни куќи. Тој пример е типичен за Вевчани, каде осумдесет посто од куќите се нови, а многу од нив служат за пример за зачувување на македонската архитекстура.

Во Вевчани е убаво во пролет кога кокичињата надвиснуваат на планината Јабланица, во лето кога од изворите над селото блика од изворите чиста, здрава и ладна вода, во есен кога се збира грозјето, но најубаво и најпривлечно е во зима за големиот празник „Василица“ кога се одржува „Вевчанскиот карневал“, кои во минатото беше познати како „Печалбарските денови“.

Инаку, манифестација „Вевчанскиот карневал“ е културна, но, и туристичка актракција која е од големо значање и за Вевчани и за цела Македонија. Со своето илјадагодишно постоење е повеќе од традиција, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство кое и покрај предизвиците кои ги имаше и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години сепак опстојува како симбол на македонската култура и традиција.

Тоа е потврда на посветеноста и љубовта на Вевчанци кон своето наследство кои со својата упорност и страст се’ повеќе и повеќе и посилно го поддржуваат овој карневал, го одржуваат жив и ја потврдуваат секогаш неговата важност. Креативните маски изработени со големо мајсторство се повеќе од уметнички дела. Тие се огледало на времето, носат пораки, ги поврзуваат минатото и сегашноста, но и најважно од се’ го критикуваат општеството, се’ тоа што се случило во изминатите 12 месеци. Вевчанскиот карневал како национален бренд нуди уникатно искуство и кој како спој на културата и туризмот привлекува и ќе привлекува уште поголемо меѓународно внимание и посветеност.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13-ти јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Манифестацијата завршува на 14-ти јануари со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани. Вевчанци живеат за карневалот, тие цела година подготвуваат маски, кои ги држат во строга тајност се’ до првото Василичарско оро. За Православна Нова година илјадници туристи традиционално се дел од Вевчанскиот карневал

          Вевчани е подготвенo за најголемата карневалска манифестација во Македонија. Така, како и секоја година делот за Свети Василија си оди тековно во организација на двете Василичарски друштва Горна и Долна маала. На 13-ти е дефилето Василичарско од почетокот од влезот на Вевчани до сред селото и низ улиците на Вевчани.

Вевчанскиот карневал кој традиционално го слави доаѓањето на Новата година, но, по стариот календар за Василица, карневал кој ги исмејува сите општествени негативности и појави кои се случуваат преку целата година, но од друга страна ја негува и традицијата, има забавна и научна нитка, зошто Вевчанскиот карневал по својата архаичност, уникатност, особено во маските и изведбата на танците е спој на старото и новото, паганското и тоа што се случува во современиот свет.

Секоја година програмата започнува ден порано на 12 јануари, при што првата вечер на сцената настапуваат познати уметници. На 13 јануари по сите карневалски случувања е денот кога се одржува „Вевчанскиот карневал“, со сета убавина, раскош и пораки, со цел да ја зајакне печалбарската  нитка, особено на печалбарското минато, сегашност и иднина на македонската вистина и Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top