На прво место

Мара Бунева македонска Шарлота Корде

Мара Бунева 2

Мара Бунева 2

Мара Бунева

Европскиот печат ја прогласил Бунева за македонска Шарлота Корде

Родена е 1901 година во градот под Шара – Тетово, од мајка Ана и татко Никола. Татко &  уште во турско време завршил основно  училиште во Тетово и шест класа во скопската педагошка гимназија. Повремено учителствувал, но главно занимање му била трговијата. Бил околиски раководител на ВМРО, а во време на Првата светска војна бил назначен за кмет. Мара завршила основно образование и прогимназија во Тетово, а средно образование во Скопје. Пред крајот на војната, Нико Бунев со ќерката Мара заминал за Бугарија.

Од тогаш, Мара живеела при братот Борис, кој служел војска во Јамбол, а покасно се преселил во Софија. Таму Бунева имала можност да спортува јавање на коњ и стрелање со пиштол. Во тој период се запознала со кавалерискиот офицер Иван Хранков за кого и се омажила.

Бргу се вклучила во револуционерната организација, станувајќи нејзин член. Мечтеела активно да работи за ослободување на поробена Македонија. По добиената задача од ВМРО се враќа во Тетово и Скопје. Пред властите објаснила дека се вратила од емиграција поради распаднатиот брак. Со тоа ги отклонила полициските сомнежи. Во Скопје завршила кројачки курс и отворила шивачки дуќан во кој навраќале како клиенти сопругите на српски чиновници, што &  овозможило да се доближи до семејството на високиот жупански шеф Владимир Прелиќ, страв и трепет за македонските патриоти.

Под изговор да ја оконча бракоразводната парница, Мара добила дозвола да се врати во Софија каде имала средба со Менча Карнишова, која се прославила со убиството на Тодор Паница во Виенскиот државен театар. За средбата со Бунева, Менча кажувала дека оваа млада жена има нешто особено што ја прави  кадарна за големите подвизи (според мемоарите на В. Михајлов, сопруг на Менча Карнишова).

По познатата афера со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје, во 1927 година, каде со ѕверски измачувања на младите Македонци се “прославил” злосторникот Прелиќ, Мара Бунева, во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година, на кејот покрај Вардар, извршувајќи ја задачата на Организацијата, со три револверски истрели го усмртила Прелиќа, а потоа се самозастрелала.

Европскиот печат, пишувајќи  со респект за подвигот на младата тетовчанка, ја прогласил Бунева за македонска Шарлота Корде.
Кога го положила животот за татковината, Мара Бунева имала само 27 год

Македонската историографија веќе подолго време има негативен однос кон ликот и делото на Мара Бунева. Но доаѓа периодот кога оваа хероина ќе ја види својата светост и ќе биде вбројана во делот на македонските национални херои.

Нивната вечна слава!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top