На прво место

НЕЛИ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ИЗМАМЕНИ?

47568

47568

Пишува Анита ГИБСОН

Читајќи ја долгата листа на бенефицираните на USAID, нели се чувствувате измамени?

Кој ја создаде оваа елита? Кој ги финансираше “независните“ интелектуалци, новинари, аналитичари, политички активисти, “невладини“ организации? Кој ги плаќаше луѓето што со години ни кажуваа што е правилно, што треба да мислиме, што да прифатиме, а што да отфрлиме?

ЈА ГЛЕДАТЕ ЛИ СЕГА ИГРАТА?

Се создаваше вештачка елита, луѓе кои од нигде-никаде станаа “влијателни“, “релевантни“, “авторитети“. Нивните кариери не беа изградени врз квалитет, туку врз странско финансирање.

Медиумите купени. Активистите обучени. Јавната свест програмирана.

Со години не’ убедуваа дека треба да наликуваме на нив – дека “западните вредности“ се единствениот пат, дека нашата традиција, нашиот начин на живот, нашите корени се застарени и треба да се менуваат.

СЕГА ГЛЕДАТЕ ЛИ КАКО НÈ ПОТКОПАА?

Ни го разградуваа општеството одвнатре. Го менуваа ткивото на општеството.

Ни создаваа економска зависност – преку грантови, невладини проекти и финансирани “експерти“.

Ги насочуваа медиумите – од кои “автоматски“ доаѓаа истите наративи со кои ни го переа умот од позиција на авторитет!

Ги моделираа младите генерации – новинарите, интелектуалците, политичките “аналитичари“, кои од нигде-никаде добиваа платформи за да “мислат за нас“.

И што добивме? Народ кој не знае што е вистина, што е лага. Народ кој не гледа дека целата оваа структура работеше не за нас, туку за нив!

Дали тоа е демократија? Демократија ли е кога ти наметнуваат туѓи вредности? Кога ти ја бришат историјата? Кога ти ја менуваат културата под изговор на “прогрес“?

ТОА Е ИСТО КАКО ГМО!

Тие не промовираат природен развој – туку нè програмираат! Нè менуваат! Создаваат вештачка, модифицирана нација, нација која нема свој правец, туку само следи команди.

ШТО ПРАВИМЕ СЕГА?

Ги отвораме очите! Го проучуваме списокот на бенефицирани. Ги идентификуваме медиумите одговорни за платениит наратив и ги отфрламе! Одбиваме да бидеме манипулирани.

И, најважно од сè – никогаш повеќе да не дозволиме да нè убедуваат дека сме “застарени“ или “глупави“ затоа што размислуваме со своја глава, затоа што гаиме свои традиции, култура и вера.

Ние никогаш не бевме проблемот.

Ние бевме нормални!

Тие само сакаа да нè убедат во спротивното.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top