На прво место

СТРУМИЧАНЕЦ БИЛ ПАТРИЈАРХ НА ЕРУСАЛИМ ВО 12 ВЕК!

1dons

1dons copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Aлександар ДОНСКИ

Неговото име било Лав, а податоци за неговата дејност се преземени од неговото житие кое било запишано од извесен монах Теодосиј, а потоа било објавено во книгата „Неон Екологон“ од свети Никодим Светогорец. Во ова житие читаме дека Лав се родил во семејство на благочестиви христијани во Струмица.

Кога научил да чита и да пишува почнал да ги проучува тајните на Светото Писмо и во душата му се родила желбата да стане монах. По смртта на своите родители, заминал во некоја шума за да се подвизува. По извесно време отишол во Цариград во манастирот „Пресвета Богородица“ каде се замонашил. За да го зајакне својот дух честопати излегувал по улиците на Цариград, правејќи се дека е луд. Мнозина го навредувале, па дури и го тепале, а тој го издржал сето тоа со големо смирение.

По некое време во Цариград стигнал архиерејот од Тиверијада, кому Лав почнал да му служи. Потоа заедно заминале за Ерусалим. По смртта на тамошниот игумен, тој бил избран за нов игумен. За неговите особини набргу разбрал византискиот цар Манојло Комнен (1143 – 1180 год.) и по негова желба Лав бил избран за патријарх на Ерусалим. Но, тогаш со Ерусалим владееле Латините и тие не му дозволувале на овој православен патријарх да богослужи на Светиот Господов Гроб во храмот на Христовото Воскресение. Дури подготвувале и негово убиство. Заради тоа, по наредба на царот Манојло Комнен, свети Лав се вратил во Цариград, каде починал во 1190 година. Неговите мошти биле положени во храмот посветен на свети Архангел Михаил.

Во времето кога живеел свети Лав (12 век) Македонија била под византиска власт, но оваа држава била прилично ослабната од претходните навлегувања на крстоносците на Балканот, кои притоа ја пустошеле и Македонија. Тоа е време и кога богомилската ерес била прилично раширена во нашата земја. Но, свети Лав најмногу време поминал во Цариград, а видовме дека бил хиротонисан за Ерусалимски патријарх, но дека не можел слободно да седне на патријаршискиот престол затоа што Ерусалим тогаш се наоѓал под власта на Латините.

Познато е дека Ерусалим бил освоен од Турците селџуци во 637 година. За време на Првата крстоносна војна, во 1099 година, Ерусалим паднал под власта на Французинот Годфри де Булоњ, кој бил главен војсководител на крстоносците. Муслиманите повторно го зазеле Ерусалим дури во 1187 година. Ова значи дека во времето, кога свети Лав бил назначен за Ерусалимски патријарх, и навистина со овој град владееле Латините (Французите). Тие, пак, секако дека предност давале на својата католичка вероисповед, па затоа не му дозволувале на свети Лав слободно да ја врши богослужбата поради што тој се вратил во Цариград. Три години пред смртта на свети Лав, Ерусалим бил повторно заземен од муслиманите.

Свети Лав е еден од ретките Македонци кои ја носеле титулата патријарх. Посебно важно е што тој бил патријарх токму во светиот град Ерусалим. Нашата наука треба да посвети поголемо внимание на овој наш познат сонародник, кој денес е признат како светител од православните цркви вклучително и од МПЦ и е познат под името Свети Лав Втори Ерусалимски, а неговиот празник е на 14 мај (стар стил), т.е. на 27 мај (нов стил).

erusalim

План на градот Ерусалим од 12 век

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top