На прво место

Премиерот Мицкоски направи голем потег со проектот за финансирање на општините од страна на Владата

Kostovski

Kostovski

Костовски: Премиерот Мицкоски направи голем потег со проектот за финансирање на општините од страна на Владата

На синоќешното гостување на „ВМРО-ДПМНЕ Зборува со Вашиот градоначалник“, гостуваше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој ја отвори емисијата со тоа дека кога ја наследиле општината, ниту имало готов проект, ниту пак имало визија за некаков проект, а општината била во големи долгови.

„Не начекавме ниту еден готов проект, што можеме да го реализираме. Тоа значи дека немало план за работа што е навистина лошо, ниту пак имало некаква визија. По однос на долговите Општина Бутел беше една од најзадолжените општини на територија на Град Скопје, сега веќе скоро долгот е на нула сведен. Во однос на инфраструктурата морам да напомнам дека особено минатиот мандат, тие 4 години кога градоначалник од СДСМ администрираше со општината, навистина ништо не беше направено“, изјави Костовски.

Костовски додаде дека е чудно како во Бутел минатото раководство со централна и локална власт, немале ништо направено.

„Дури и чудно е, како може да немаа ниту еден позначаен проект, на којшто јас сега би се сетил и без проблем би кажал, ете во време на претходниот градоначалник барем изградена е една градинка, или едно училиште, или направена е една од поважните сообраќајници, или пак е направен плоштад, или нов голем парк, спортски терен, некаков поголем посериозен спортски центар или било што и да е, доградба на училиште, фасада на некое училиште, буквално значи немаше ништо направено“, потенцираше Костовски.

Околу реализираните проекти, Костовски се осврна на асфалтирани 200 улици, ново училиште и нови 2 градинки, многу нови спортско рекреативни центри, стипендии за спортисти. Тој рече дека е особено горд што проектите се забележани од граѓаните.

„Најгорд сум на новото училиште во Визбегово, новата градинка во Бутел 1 којашто за многу скоро треба да почне и со работа. Нов плоштад на територија на Општина Бутел, нови спортско рекреативни центри, до крајот на мандатот очекувам во секое населено место да имаме по еден таков центар“, нагласи Костовски и додаде. „Освен што помагаме на спортските клубови во Бутел, помагаме и на спортисти, даваме стипендии лично на спортисти, со тоа што лани дадовме рекорден број на околу 105-110 стипендии, а оваа година ќе бидат над 200“.

Околу финансиската поддршка од Владата за општините, Костовски напомена дека Бутел доби финансиска поддршка од Владата и направи разлика, како што рече тој, ако од општината годишно имале 1,5 до 2 милиони евра за капитални инвестиции, сега со помош на Владата, ќе имаат три пати повеќе, односно 6 или 7 милиони евра.

„Премиерот Мицкоски направи ренесансен потег за општините и тоа мора често да го забележуваме и да го изнесуваме во јавноста. Колку за илустрација, Општина Бутел од 1,5 до 2 милиони евра максимум за капитални инвестиции годишно од Буџетот, а сега веќе имаме 6 или 7 милиони евра годишно за капитални инвестиции и тука можете да ја видите разликата“, појасни Костовски.

Во однос на проектите кои се финансирани од Владата, Костовски истакна дека тука ги одбрале најкрупните проекти кои биле ветувани 30 години наназад и сега отпочнуваат со реализација.

„Нов парк во Радишани од 10 илјади метри квадратни, во финиш е коритото на реката Серава и патеката на река Серава. Ќе отпочнеме изградба на нова поликлиника, две фасади на училишта, голем плоштад во центарот на Бутел, два моста на реката Серава, асфалтирање на 70 улици и многу други проекти. Ова се проекти коишто навистина граѓаните со срце ги очекуваат, а ние сме тука да ги реализираме“, заклучи Костовски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top