На прво место

Петрушевски: Филипче и СДС се во паника – правда е само кога ним им одговар

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Brane copy copy
Изјавата на Филипче ја гледаме како дел од неговиот обид да биде присутен во јавноста макар и да каже нешто кое не е најлогично или лицемерно и провидно.

Тие се директно виновни за состојбата во судството. Тој лично во владата на Заев има свој придонес во сето тоа. Сите негови сегашни соработници имаат директен придонес во тоа.

СДС и нивниот портпарол на пропаднатите политики, Венко Филипче, повторно се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да ја бранат партизираноста на судството, за кое сами се погрижија да биде нивен заштитен бедем.

Кога Филипче вели дека „ниедна влада не направила доволно за вистински реформи“, тоа е обид за евтин релативизам. Разликата е што СДС не само што не направи реформи, туку активно ја уништуваше правдата, поставувајќи свои судии, обвинители и партиски контролирани институции.

Дали се сеќаваат на политичките монтирани процеси во време на нивното владеење? Дали се сеќаваат на нивното „независно судство“, кое секогаш работеше во корист на нивните интереси?

Сега, кога ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните бараат вистинска правда, Филипче и СДС панично тврдат дека протестите против корумпираниот судски систем биле „удар врз демократијата“. Зошто? Затоа што конечно им се руши мрежата на заштитени судии и обвинители? Дали за нив демократија е кога истите тие судии ги затвораа нивните политички противници, но не е демократија кога јавноста бара одговорност од нивните луѓе?

Филипче зборува за „национален консензус за реформи“, но вистината е дека СДС го имаше целиот систем под своја контрола и не направи ништо. Наместо тоа, ги штитеа корумпираните практики на сопствените функционери, додека граѓаните гледаа како владеењето на правото се распаѓа.

Што направија тие за да ја вратат довербата во судството? Додека граѓаните бараат одговорност, тие повторно одбираат да ги одбранат своите криминални структури, со истите лаги и обиди за манипулација.

Граѓаните нема да наседнат на уште едно „преправање“ на СДС. Македонија не може да има „национален консензус“ околу заштитата на криминалот. Време е за вистински промени – а тоа значи крај за сите оние коишто го држеа правосудниот систем како заложник на сопствените интереси!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top