
Посакував ова никогаш да не се случи,
Земјата тага ја обви,
Се завитка во црно, овојпат тагата е вечна,
Останува во срцата кои беа полни со љубов
А сега тагата нова љубов се вика.
Еј Македонијо
Земјо славна но страдна
Плачи, исплачи се за твоите чеда.
Но тагата љубов е нова
Која живееше во загинатите чеда.
И небото да се отвореше
Немаше толку солзи да истури,
Плаче народот цел, плаче целиот свет.
Плаче за невино настраданите
Прерано згаснати животи во Кочани.
И кога е најтешко
Поетот пишува песна
Да остане барем како утеха,
За мајката страдна, најблиските свои.
Чии чеда ги нема веќе
Но и мајки, татковци, браќа и сестри
Кои останаа сами.
Згаснаа, како пламенот на свеќата која толку силно гореше,
Пламен кој никој не очекуваше да згасне.
Распламтуваше и ветуваше
Нови планови, нови надежи
Посакувани патеки на среќа
Патеки по кои младото момче тргна
Но за жал несреќа го стигна.
.
Воздигни се повисоко сега,
Зошто од оваа тага тешко се бега.
Седам и гледам на сите таги на светот, но оваа најтажна е,
Река од солзи се пролеа на сите страни;
Слушам тајни грчевити липања од млади мажи, жени и деца, свиени во болка.
Еј Македонијо,
Земјо страдалнице, земјо на чемер и јад,
Tе oбви тага,
Сега, празен е сјајот во твоите очи.
Кога ли немири и таги ќе стивнат?
Плачи исплачи се
И колку некој сака да бега,
ти како да си земја на солзите сега.
Земјо најубава моја,
Ќе има ли крај на тагата твоја.
Гордана Димовска