На прво место

Македонија ќе победи

1vmro 4

1uv7 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Петрушевски: Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата

СДС денес уште еднаш покажа дека за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија.

Додека целата држава жали, тие се служат со подмолни политички калкулации. Наместо да покажат државнички дух, СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати.

Сепак, ценејќи ја јавноста и настојувајќи по секоја цена да го оттргнеме и најмалиот сомнеж, јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број на приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет. И тоа, за разлика од минатото, со обиди за откривање на целосната вистината, а не со алиби-објаснувања за „кабли“ и „шасии“ како главни виновници за трагедиите што во минатото ни се случуваа.

СДС прашува: „Зошто не се притворени началници, командири, инспектори?“

Ова не е судење со толпа.

Правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови.

Главната дилема е – зошто истото судство, истото обвинителство, создадено во времето на СДС и ДУИ, денес работи со поголема посветеност?

Одговорот е јасен: Затоа што Владата денес не се обидува да сокрие, туку да расчисти.

Не се издаваат наредби по телефон, не се читаат имиња од тефтерчиња и не се прикриваат трагедии со смешни извештаи.

Да потсетиме – за време на трагедиите со Беса транс, Ласкарци, модуларната болница – немаше ниту еден притворен функционер, ниту едно поднесено обвинение. Виновни беа „каблите“, „возачите“, „времето“ – и никогаш системот. Затоа што системот беше под заштита на Заев и Ахмети.

И денес, голем дел од човечката инфраструктура во судството и обвинителството е сè уште составен дел од таа мрежа. Станува збор за кадри кои беа поставувани по познати тефтерчиња, кои имаа партиска лојалност, а не професионален интегритет. Но, за разлика од порано, денешната власт не им наредува како да постапуваат, туку бара правда – без разлика кого ќе допре.

СДС говори за „селективна правда“, но токму тие се симболот на таа селективност.

Не можат да го извадат народот на улица со лаги, затоа што народот добро памети.

И токму затоа сега сакаат да го претворат гневот во политичка стратегија, да го насочат револтот кон Владата, надевајќи се дека повторно ќе се вратат на власт преку улица – а не преку избори.

Апелираме до јавноста: ова не е битка помеѓу партии. Ова е битка за правда.

И институциите ќе ја истераат до крај.

Ќе има одговорност – и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, за злоупотреба на жртвите, и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе.

На самиот крај, ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство со сериозност да ги земе предвид сите укажувања на јавноста и медиумите, и секаде каде што постојат реални аргументи и докази за инкриминираност и евентуална одговорност – без разлика на личноста, функцијата или партиската припадност – да постапи соодветно, брзо и во согласност со законот.

Се надеваме дека СДС и ДУИ имаат доверба во обвинителството кое самите го избраа, и ги повикуваме – како што ја имаа таа доверба при неговиот избор – така и сега да се обратат таму, а не преку прес-конференции и политички маневри.

Ние ги охрабруваме сите институции да постапуваат строго според законите и моралните начела, без милост кон никого што има директна или индиректна одговорност. Истовремено, очекуваме дека никој нема да создава интриги и манипулации со истрагата со цел Владата да биде нападната, бидејќи сме уверени дека ова мора да биде заедничка битка против нечесните – без оглед на партиска припадност, функцијата или етничката основа. Вистинските критики ги почитуваме, и апелираме до институциите да ги земат сериозно, да ги анализираат, и доколку постои основ, да постапат веднаш и доследно.

Ова мора да биде пресвртница од која нема враќање – момент кога општеството ќе се издигне и ќе постави нови темели врз вистински вредности. Во спротивно, државата ќе пропадне. Но веруваме дека со одлучност, посветеност и чесен пристап – Македонија ќе победи.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top