На прво место

Тошковски продолжува бескомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

tetovo

tetovo

Велјановски: Политички монтираната интерпелација не помина, Тошковски продолжува бескомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

Во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Александар Велјановски, кој дискутираше за седницата во Собранието на која се расправаше за интерпелацијата од страна на Левица, за министерот Панче Тошковски, притоа тој даде свое видување, истакнувајќи дека таа претставува политичка некрофилија и евтина театарска претстава од  Левица за собирање политички поени.

„Политичка некрофилија, политички монтирана интерпелација, која што немаше суштина и којашто немаше за цел да ја постави одговорноста на министерот Панче Тошковски на отворена сцена, туку да одработи за политичките потреби на опозицијата во случајот Левица. Не е во ред втор пат во период од три месеци да се поднесува интерпелација кон  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски којшто е најдобро рангираниот министер кој работи во насока на откривање, зацврстување на правото и на правдата и гонење на криминалот“, рече Велјановски.

Пратеникот Велјановски посочи дека интерпелацијата била поднесена со намера да се нанесе штета на министерот Тошковски и на Владата, од страна на опозицијата, но исто така наведе и дека Владата е стабилна, со што продолжува бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата.

„Во однос на интерпелацијата морам да кажам дека беше поднесена сама за себе, дека таа беше еден инструмент една подадена рака од Левица кон ДУИ и кон СДС за да се нанесе штета на работењето на Министерството за внатрешни работи, да се дестабилизира Владата. Владата е стабилна министерот за внатрешни работи е подготвен да се соочи со сите предизвици и да стави крај на криминалот и корупцијата и сè додека трае истрагата, нечовечки е да се прават вакви евтини театарски претстави“, истакна Велјановски.

Исто така во поткастот пратеникот потенцираше дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја има сета поддршка од граѓаните во Македонија и дека на дело се гледаат резултатите од неговото успешно работење и справување со криминалот и корупцијата.

„Македонскиот народ му дава огромна поддршка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, да продолжи силно, недвосмислено и директно да се бори против криминалот  и корупцијата. Навистина, периодот којшто измина и којшто е позади нас, сите сме сведоци дека имаше безброј акции каде што полицијата се справуваше со криминалот со корупцијата, да започнеме од апсењето на мафијашки структури којшто беа страв и трепет за граѓаните. Тоа е одлика на една неприкосновена борба против криминалот и едно настојување да се воведе ред“, вели Велјановски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top