На прво место

Премиерот Христијан Мицкоски го постави камен-темелникот за изградба на автопатот Тетово–Гостивар

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Денешниот ден го обележа еден важен чекор за западна Македонија.

Патот Тетово–Гостивар е повеќе од пат, тој е доказ дека Македонија под водство на Христијан Мицкоски станува земја на дела, а не на изговори. Ова е симбол на новата македонска преродба.

Овој автопатот е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за западна Македонија. Овој чин не е само технички почеток на градба, туку силна порака дека Македонија конечно има влада која знае каде оди и што прави.

Овој патен правец, кој со децении беше заборавен од институциите, добива нова димензија. Тоа не е само пат што ги поврзува двата најголеми града во Полошкиот регион, тоа е пат што поврзува луѓе, идеи, економии и иднина. Зад секоја реконструкција стои визија, а визијата на оваа Влада е јасна: модерна, просперитетна и поврзана Македонија.

 uploads thumbs resize 800x420 697106

Проектот, вреден 90 милиони евра, опфаќа 18 километри нова траса, девет натпатници и целосна реконструкција на постојниот пат. Со тоа ќе се зголеми безбедноста, ќе се скрати времето на патување и ќе се подобри ефикасноста на транспортот. Но, најважно од сè ќе се отвори нова перспектива за економски развој на целиот регион.

Компаниите, земјоделците и малите бизниси ќе имаат директни придобивки од стабилна и квалитетна инфраструктура. Ова е првиот конкретен чекор кон враќање на достоинството на граѓаните од Тетово, Гостивар и пошироко.

Премиерот Мицкоски порача: „Градежништвото ќе биде мотор на економијата. Овој автопат ќе го поврзе не само Тетово и Гостивар, туку ќе ги поврзе граѓаните со иднината која ја градиме, со работа, чесност и визија. Ова не е крај, туку само почеток на инфраструктурната преродба на Македонија.“

Патот Тетово–Гостивар е повеќе од градежен објект. Тој е симбол на Македонија што се буди, што се гради, што се менува. Тоа е патот на една нова македонска преродба.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top