На прво место

Опозицијата мора да биде будна, но не и злонамерна

vlada-rm 0 0 1 0 0 1

vlada-rm 0 0 1 0 0 1

Во стабилна демократија, политичкиот систем се гради на рамнотежа меѓу власта и опозицијата. Тоа не е борба на непријатели, туку натпревар на идеи, одговорности и визии. Владата управува со државата, опозицијата ја надгледува. Двете страни се должни да работат за граѓаните, а не една против друга особено не против самата држава.

Владата, како избрана структура од мнозинството граѓани, има јасен мандат: да предлага и спроведува политики, да води институции, да создава закони и да го унапредува јавниот интерес. Таа мора да биде транспарентна, ефикасна и фокусирана на резултати.

Опозицијата не треба да биде деструктивна сила која секој потег на Владата го критикува по автоматизам. Нејзината задача е да биде совест на нацијата, коректив на власта и бранител на институционалната чесност. Во нормален систем, опозицијата предлага подобри решенија, бара отчетност и ги штити граѓаните од можни злоупотреби. Опозицијата не смее да биде против државните интереси, туку чувар на демократијата.

За жал, денеска Македонија е сведок на спротивното. Опозицијата предводена од СДС не нуди ништо конструктивно. Тоа е истиот политички субјект кој седум години ја урнисуваше државата: го разгради судството, овозможи на мафијата да се издаваат пасоши, го загрози македонскиот идентитет, и ја претвори државната администрација во приватен имот. И сега, таа иста структура се обидува да зборува за „хаос“ и „неспособност“?, заборавајќи дека хаосот го остави зад себе како наследство. Таквата опозиција нема кредибилитет ниту визија.

Ако СДС сака повторно да биде релевантна, таа мора прво да се соочи со сопственото минато, да побара прошка за грешките што ги направија додека беа власт, да се реформира и да понуди нешто ново и искрено во интерес на Македонија.

Граѓаните ја избраа Владата предводена од Христијан Мицкоски со јасна порака: време е за обнова. Македонија мора да излезе од пеплосаната состојба оставена од претходната власт и да зачекори на патот на достоинство, економски развој, институционална правда и национален суверенитет.

Новата влада има историска одговорност: да ја исчисти администрацијата од партиски паразити, да го врати интегритетот во институциите, да спроведе реформи и да го врати достоинството на граѓаните. Тоа е тешка, но не и невозможна мисија доколку има единство, чесност и јасна визија.

Македонија нема потреба од политички кавги, туку од натпревар на проекти, идеи и искреност. Граѓаните сакаат правда, ред, економска стабилност и национално достоинство. И владата и опозицијата мора да се натпреваруваат во тоа кој ќе понуди повеќе за државата, а не кој повеќе ќе краде и напаѓа.

Слотени да работиме Македонија да биде горда!

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top