На прво место

Кодот на Кирил и Методиј

Глаголицата и француските кралеви

Да не беа светите браќа кој знае со кое писмо ќе го пишувавме овој текст. Но најстарата позната словенска азбука која тие ја создале, не е кирилицата, туку глаголицата. Токму на ова писмо е напишано Евангелието од Ремс (Évangéliaire de Reims), богат илустриран ракопис со древно словенско потекло, врз кој се заколнувале француските кралеви.

Евангелието се состои од 47 двострани листови, од кои 16 се напишани на кирилица, а 31 на глаголица. Во оригинал тоа било богато украсено со злато, скапоцени камења и реликвии.

Неговото потекло не е сигурно. Постариот дел е веројатно напишан со калиграфија на островот Крк, или во некој манастир во Чешка, Украина или Русија. Прв пат бил забележано во втората половина на 14. век, во времето на Шарл IV, кој го подарил на тогаш основан манастир во Прага, каде литургијата се држела на словенски, а чија црква била посветена на светите Кирил и Методиј, Св. Војтех, Св. Прокопиј и Св. Јероним. Последниот, во француското говорно подрачје познат како св. Жером, бил црковен отец, филозоф и лингвист роден во Стридон, на граница помеѓу римските провинции на Далмација и Панонија, кој ги превел житијата од старогрчки на словенски.

Трагата на Евангелието му се губи во Чешка во времето на Хуситските војни, а по некое време се појавилo во Истанбул, каде се чувале и други преводи од св. Јероним. Во 1574 бил купен од Шарл, Кардинал на Лорен, од патријархот на Костантинопол, а потоа бил дониран во Катедралата Ремс, каде биле вршен обредот на крунисување на француските кралеви. Врз него заклетва положиле Анри III, како и Луј XIV.

Но зошто токму овој ракопис на глаголица бил сметан за толку важен, а некој од бројните други преписи на библиските текстови со латинично писмо, што би било пологичен избор за земја како Франција, која никогаш не ја користела ниту глаголицата ниту кирилицата? Една од причините која вообичаено се наведува е дека ракописот бил сметан за соодветен едноставно затоа што изгледал убаво, и затоа што него го превел св. Јероним/Жером, ценет светец во католицизмот. Но некои други теории велат дека во облиците на буквите на глаголицата се отсликува една цела филозофија на разбирање на космосот и светот, која од неа прави повеќе кодиран систем, отколку обична азбука. Токму таа негова мистичност направила Евангелието од Ремс да биде светата книга врз која положувале рака идните владетели.

Можеби би требало да размислиме, наместо латиница во преписките преку интернет и СМС да користиме глаголица. Таа не само што има повеќе знаци преку кои може човек да се изрази (41), туку делува и графички многу кул. Тоа очигледно го забележале и француските кралеви.

https://off.net.mk/bookbox/kodot-na-kiril-i-metodij

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top