На прво место

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, го чува споменот и е посветен на 7.144 Евреи од Македонија

memorialen-centar-na-evrejite-vo-makedonija-300x160

memorialen-centar-na-evrejite-vo-makedonija-300x160

СООПШТЕНИЕ ДО МЕИУМИТЕ

По вчерашната изјава на Иван Динев Иванов дадена во емисијата „На кавга со Иван“ која се емитуваше на Канал 5 телевизија, Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија со идигнација ги отврлаат инсинуациите и лажните тврдења дека во постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се користат монитирани фотографии, документи и филмови и дека Меморијалниот центар на холокаустот е место од каде се врши искривена пропаганда , за улогата на Бугарија во депортацијата на Евреите од Македонија.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, го чува споменот  и е посветен на 7.144 Евреи од Македонија кои беа брутално прогонувани, понижувани, етикетирани, ограбени и депортирани во смрт од страна на тогашните бугарски фашистички власти. Би сакале да напоменеме дека во креирање и изградба на постојаната изложбена поставка во Меморијалниот центар учествуваа реномирани светски историчари од ерата на холокаустот кои своите истражувања, превземање и откуп на архивски материјал ги правеа во архивите на Меморијалјиот музеј на холокаустот во САД, Јад Вашем во Израели други архиви.

Обидите на проф. д-р Иванов за искривување на историската вистина и улогата на Царска Бугарија во холокаустот на Евреите од Македонија се скандалозни, пред се за еден професор кој треба на своите студенти да им ја пренесе вистината за историските настани, а не да се става на страната на официјалното негирање на холокаустот од одредени бугарските политичари и историчари, денес и се одвиваат во континуитет.

Ние, Евреите од Македонија, нема да дозволиме никакво искривување на историјата во дневно политички цели. Нема да дозволиме да се заборави каде и како завршија 7.144 Евреи од Македонија, само затоа што се поинакви по вера и традиција од ариевската раса, само затоа што некој сака да ја стави под тепих својата негативна историска улога.

Фактот дека Бугарија беше соучесник во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото не може да се избрише па тоа да е и обидот на проф. Иван Динев Иванов.

Еврејска заедница во Република Македонија          Фонд на холокауст на Евреите од Македонија

Претседател,                                                                        Претседател,

Пепо Леви                                                                             Иван Николиќ

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top