На прво место

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

89

89

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница заседаваше и утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои што се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат.

Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните, во изминатите 4 години, а тоа го потврдуваат и анкетите.

Затоа ИК утврди и ги предложи следните кандидати:

1. Аеродром – Дејан Митески

2. Бутел – Дарко Костовски

3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски

4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски

5. Штип – Иван Јорданов

6. Велес – Марко Колев

7. Свети Николе – Дејан Владев

8. Карбинци – Виктор Паунов

9. Градско – Киро Нацков

10. Кавадарци – Митко Јанчев

11. Гевгелија – Андон Сарамандов

12. Зелениково – Коста Маневски

13. Илинден – Александар Георгиевски

14. Конче – Златко Ристов

15. Делчево – Иван Гоцевски

16. Ново Село – Ѓорге Божинов

17. Василево – Славе Андонов

18. Босилово – Ристо Манчев

19. Берово – Петар Ружински

20. Петровец – Борче Митевски

21. Битола – Тони Коњановски

22. Охрид – Кирил Пецаков

23. Вевчани – Спасе Кочовски

24. Брвеница – Јовица Илиевски

25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини  5:1.

Сите кандидати ги исполнуваат сите квалитети за градоначалник, се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници, кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, а другиот дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои до сега се водени од кадри на СДСМ.

Сакам да нотирам дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници, преку Месните комитети и Општинските комитети, истовремено и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници.

Потребно е заедништво за да градиме државни цели. Ги повикуваме сите да се надминат себе си и да ја стават Македонија пред се.

Со кандидатите кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека тоа може да се случи.

ИК предочи дека пред Македонија е во изборен период, во кој ќе се одлучува за тоа Македонија дали целосно ќе се стави на патот за трансформација. Заклучено е дека во сите општини преовладува желбата раст, развој, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Очекуваме победа секаде. Македонија ќе победи. Доаѓа ново време.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top