На прво место

Мицевски: Договорот на Македонија со Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра носи нови инвестиции

micevski

micevski

Мицевски: Договорот на Македонија со Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра носи нови инвестиции, развој за инфраструктурата, здравството, образованието и енергетскиот сектор

„Моето прво прашање се однесува на Договорот за стратешко партнерство кој Македонија го потпиша со една од најмоќните земји во светот, Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра кои ќе бидат насочени кон инвестиции за развој на инфраструктурата, здравството, образованието и енергетскиот сектор. За жал овој историски договор, овој историски момент за Македонија и граѓаните очигледно опозицијата не го препознава или не сака да го препознае, не го прифаќа или не сака да го прифати, ги обвинува за задолжување на државата идните генерации. Лично сметам дека овие обвинувања се неосновани и немаат никаква логика, но сепак тоа си е нивна работа и нивни одлуки како ќе дејствуваат за овој закон или оваа ратификација на овој Договор“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Мицевски посочи дека граѓаните гледаат и следат кој што прави, кој што зборува и кој што работи.

„Имено со цел да се расветлат сите овие нејаснотии и обвинувања од страна на опозицијата, а и за да нема никакви дилеми за граѓаните би сакал колку што е можно во овој момент подетално и поконкретно да ги објасните придобивките од овој договор и какво значење ќе има овој договор за иднината на Македонија и граѓаните?“, запраша Мицевски.

Мицевски продолжи и додаде:

„Моето прашање е во врска со оперативниот план за 2025 година кој Владата го објави во текот на вчерашниот ден. Како вовед во моето прашање би сакал да истакнам неколку работи на оваа тема и како е дојдено до сето ова. Минатата година имавме парламентарни избори на кои граѓаните дадоа огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што истовремено значеше огромен и историски пораз на владата на СДСМ и ДУИ. Пораз на нивните девастирани и катастрофални политики на секое поле. Непобитен факт е дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта наследи запрепастувачка состојба и хаос, уништена држава, испразнет и искраден буџет, економија на колена, индустрија скоро како да немаше, инфлација до небо, работници без редовни плати и уште многу негативни појави од погубното владеење на претходната влада. За разлика од тогаш веќе се забележува дека Македонија почнува да закрепнува на секое поле и пополека но сигурно оваа Влада почнува да ги решава проблемите кои ги наследи, нема да биде лесно, сигурен сум дека со работата која се вложува ќе се успее. Овој оперативен план за вработување за 2025 година е дел од тој процес на закрепнување на државата и очекувам дека ќе даде позитивен и дополнителен ефект“, рече Мицевски.

Мицевски побара од министерството за економија и труд да даде подетални информации и податоци за тоа колку лица се планира и се очекува да бидат вработени.

„Моето прашање е оттука во интерес на младите и јавноста би сакал да дадете подетални информации и податоци за тоа колку лица се планира и се очекува да бидат вработени со овој план, што содржи овој план, што може невработените лица и младите од Македонија да очекуваат од овој оперативен план за 2025 година?“, запраша Мицевски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top