На прво место

Зошто Европската Унија молчи за Македонците во Бугарија?

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во време кога Европската Унија настојува да се претстави како глобален гарант на човековите права, правдата и вредностите на демократијата, нејзиното молчење за судбината на Македонците во Бугарија е срамно.

Бугарија членка на ЕУ веќе децении системски ги негира правата на Македонците кои живеат во пиринска Македонија ги понижува, забранува нивни здруженија и упорно одбива да ги имплементира пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), и наместо да реагира, Брисел гледа на другата страна.

Каде е Европа кога се кршат европските вредности?

Македонците во Пиринскиот дел не се измислен проблем, Тие се реалност призната од највисоките судски институции на Стразбур. Нивниот јазик, идентитет и културна самобитност се газени од една држава која се декларира како демократска.

А што прави Европската Унија? Молчи, не притиска, не поставува услови, не бара правна и морална одговорност. Зошто молчи Брисел?

Постојат неколку причини за оваа тивка капитулација пред вистината:

-Страв од внатрешна дестабилизација

-ЕУ се плаши дека признавање на Македонците во Бугарија ќе предизвика политичка криза во Софија, па одлучува да молчи за да „зачува стабилност“… ЕУ внимателно избегнува да ја налути Софија, дури и кога тоа значи газење на европското право.

Наместо принципи, доминира интересот, затоа ЕУ бара Бугарите да се внесат во Уставот на Македонија, но не бара ништо за Македонците во Бугарија, тоа е лицемерие.

ЕУ молчи не затоа што нема информации, туку затоа што нема храброст. Но вистината за Македонците нема да ја закопа ниту една дипломатска тишина.

Премиерот Христијан Мицкоски, единствениот лидер во поновата историја што го отвори ова прашање со државничка сериозност, порача: „Македонците во Бугарија не се невидливи луѓе. Тие се живи сведоштва на еден народ кој не прифаќа да биде избришан. Бараме еднакви права за Македонците, како што се бараат права за Бугарите во Македонија.“

Ова е став што треба да го следи и Европа. Правото на самоидентификација не може да биде предмет на политички преговори. Тоа е темелна вредност на Европската Унија, или барем така се декларира.

Македонија мора да бара, а не да моли, повеќе не е доволно да се чека нечија добра волја. Македонија мора да го актуелизира ова прашање пред Европскиот парламент, да побара резолуција за правата на Македонците во Бугарија, да ги алармира пријателските држави-членки, да постави принцип на реципроцитет, без признавање на Македонци во Бугарија, нема да има ниту промена на Уставот за Бугарите кај нас.

Европската Унија мора да одлучи: ќе биде ли простор на право и правда за сите или само за силните и гласните?

Ние не молчиме, зашто Македонците каде и да се, се наши браќа, а на браќата не им се врти грб!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top