На прво место

Македонија конечно се движи напред – и тоа не е заслуга на СДС

1uv10

1uv10 copy copy copy copy copy copy copy

СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

Ја поздравуваме изненадената искреност на СДС: барем еднаш јавно признаа дека македонската економија расте. Проблемот е што не можат да поднесат што тоа се случува затоа што повеќе го нема нивниот хаос, корупција и неспособност.

Кога економијата тоне, виновна тогаш беше опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Сега, кога економијата расте и Македонија е во топ 5 најбрзорастечки економии во Европа, одеднаш им текна дека тоа е нивна заслуга?!

Е па, или е ваш успех, или е катастрофа – одлучете се.

Фактите се едноставни:

  1. Ако економскиот раст бил „нивно дело“, зошто додека беа на власт, Македонија не беше во првите 5 економии, туку меѓу последните 5 по раст? Во периодот 2019 – 2023 година, СДС не само што не обезбеди континуиран раст, туку остави економија во место, капитални инвестиции под 60%, и над 600.000 сиромашни граѓани.
  2. СДС стави празна каса, нереализирани проекти, зголемен јавен долг и нефункционална администрација. И сега тие ќе зборуваат за „економски темели“?
  3. Само за еден квартал под раководство на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:
  •          растот на БДП е 3.4%,
  •          зголемена е довербата на инвеститорите,
  •          стабилизирани се буџетските приходи,
  •          и за првпат се чувствува дека државата се движи напред, а не во место.

СДС има проблем со реалноста: навикнати се да живеат во свет каде само со партиска пропаганда се „гради економија“. Но граѓаните веќе го гледаат резултатот на терен. И знаат:

Кој гради, а кој распродава.

Кој работи, а кој краде.

Кој инвестира, а кој поставува урнисан асфалт за прес.

Кој ја вади Македонија од кал, а кој ја турна таму.

Затоа, наместо да зборуваат за „нивните политики“, нека одговорат:

  • Дали нивна политика беа 14 луѓе изгорени во модуларна болница?
  • Дали нивна политика беше криминалниот „Глобал“, пропаднатите ТЕЦ инвестиции и уценетите тендери?
  • Дали нивна политика беше да се постават партиски кадри без ден работен стаж на врвот на институциите?

Ако се тоа „економски темели“, тогаш среќа што тие темели веќе се разградуваат со темелна обнова.

И уште нешто:

Граѓаните не се наивни.

Знаат дека растот не доаѓа од флаери и флоскули, туку од работа, план и чесно управување.

Македонија конечно се движи напред – и тоа не е заслуга на СДС.

Тоа е заслуга на граѓаните, на стопанството, и на новото раководство што не се занимава со алиби, туку со резултати.

СДС нека продолжи со соопштенија – ние ќе продолжиме со раст.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top