На прво место

НА 17 ЈУНИ 2025 г. ВО БИТОЛА СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 35 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

grb vmro-dpmne 90

grb vmro-dpmne 90

35 години ВМРО-ДПМНЕ: Чест, Историја, Иднина!

На 17 јуни 1990 г., пред точно 35 години, во едно време на историски премрежја и неизвесност, се роди најсилната идеолошка и народна сила во поновата историја на Македонија – ВМРО-ДПМНЕ!

Во духот на Внатрешната македонска револуционерна организација, водени од мислата и делото на визионерот Драган Богдановски, група храбри Македонци ја обновија вековната идеја за национална самобитност, за слободна, независна и демократска држава, која ќе му припаѓа на народот, а не на корумпирани политички елити или странски центри на моќ.

35 години подоцна, Македонија повторно се исправи на своите нозе!

После години на предавства, распродажби, понижувања и темнина, денес повторно владее надежта! Надеж во народот, Надеж во правдата, Надеж во вистината, Надеж во Македонија! И токму таа надеж ќе биде симболично зацврстена во Битола – градот на конзулите, градот на Илинден, градот на ВМРО!

Во Битола, на големото одбележување на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, народот, ветераните, младината и раководството, ќе присуствува и претседателот на партијата и премиер на Р. Македонија – Пр. Д-р. Христијан Мицкоски, симболот на новото македонско будење.

Мицкоски не е само лидер. Тој е продолжувач на борбата за достоинствена, независна и стабилна Македонија. Под негово раководство, Македонија влегува во нова ера на развој, без криминал, без корупција, без национално понижување.

Денес ВМРО-ДПМНЕ е иднина. ВМРО-ДПМНЕ е борбата на секој чесен Македонец кој сака правда, достоинство и татковина што ќе биде силна, а не сервилна.

Во име на сите оние кои ги дадоа своите животи за Македонија, во име на основачите и ветераните, во име на новите генерации што ја продолжуваат оваа света борба, ПРОДОЛЖУВАМЕ И ЌЕ ИСТРАЕМЕ!

Од Битола ќе почне новиот завет: Македонија ќе ја градиме, гордо, чесно и со љубов кон сопствениот народ!

Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна да е Македонија!

1uv11 copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top