На прво место

Според СДС, Христијан Мицкоски не сака СДС да пропаѓа и е виновен за состојбата во СДС

Во СДС, очигледно, секој што ќе каже дека партијата оди во погрешна насока веднаш добива етикета: купен од Мицкоски, саботер, рушител, човек однадвор. Таква е новата логика на партијата која сè уште не сака да се соочи со сопствениот пораз, со сопствените грешки и со сопственото внатрешно распаѓање.

По Игор Ивановски – Шема и Славјанка Петровска, на удар се најде и Андреј Петров. Богданка, Јон и кругот околу Венко Филипче распалија по довчерашниот сопартиец, човек кој во повеќе наврати бил висок функционер на СДС.

Најмногу ги разлути тоа што Петров кај Васко Ефтов јавно проговори за карактерот на Венко Филипче и рече дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори“.

Наместо да одговорат суштински, од СДС повторно ја активираа старата матрица: секој што мисли поинаку, работи за Мицкоски. Така било со Шема, така било со Славјанка, така било со Шилегов, така било со Деспотовски, така било и со Петар Арсовски. Списокот е предолг.

Прашањето е едноставно: ако некој не сака СДС да пропадне, дали тоа автоматски значи дека е купен од Мицкоски?

Во оваа превртена СДС логика излегува дека Христијан Мицкоски е виновен затоа што некои луѓе во СДС сакаат партијата да преживее. Значи, според нив, Мицкоски не сакал СДС да пропаѓа? Премногу е, дури и за СДС.

Особено симптоматична е реакцијата во која Петров се обвинува дека сака да ја „спаси СДС“. Па од кого да ја спаси? Од Мицкоски или од оние што ја доведоа партијата до оваа состојба?

Од СДС велат дека Андреј Петров не бил никаков реформатор. Претходно, Шема го нарекоа саботер. Славјанка беше нападната затоа што проговори. Секој различен став се третира како предавство, а секоја критика како надворешен заговор.

Но вистината е многу поедноставна. СДС не пропаѓа затоа што Мицкоски ја напаѓа. СДС пропаѓа затоа што не сака да се погледне во огледало. Затоа што секој внатрешен глас го доживува како непријател. Затоа што наместо демократија, нуди дисциплина; наместо реформи, нуди пресметки; наместо одговорност, бара виновници надвор од себе.

Ако Андреј Петров, Игор Ивановски, Славјанка Петровска, Шилегов, Деспотовски и уште многу други се проблемот, тогаш можеби проблемот не е во нив. Можеби проблемот е во Филипче и раководството кое не поднесува поинакво мислење.

И колку повеќе се обидуваат секој критичар да го прогласат за човек на Мицкоски, толку повеќе покажуваат дека вистинската криза не е надвор од СДС, туку длабоко внатре во СДС.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top