На прво место

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договори опозицијата за Изборниот законик, доколку дијаспората може да гласа

ВМРО-ДПМНЕ порача дека е подготвено да го прифати договорот на опозициските партии за изборните реформи, под услов да се обезбеди реално и поедноставно остварување на избирачкото право на македонските државјани во дијаспората.

На денешната средба на работната група за Изборниот законик, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, повторно беше отворено прашањето за можноста македонските државјани кои живеат во дијаспората полесно да го остварат своето право на глас.

Како што истакна пратеникот Бојан Стојаноски, на средбата биле побарани ставовите на останатите политички партии за евентуално придвижување во однос на претходните разговори.

„Нашиот став беше да дадеме можност во законот и да отвориме простор дијаспората да се изјаснува по модел различен од сегашниот.

Првично предложивме електронско гласање, а потоа, поради различните ставови на опозицијата, го изменивме предлогот во гласање по пошта.

Предложивме начинот на гласање да биде регулиран со подзаконски акт што ќе го донесе Државната изборна комисија најдоцна до 30 септември 2028 година“, рече Стојаноски.

Тој посочи дека од опозициските партии било соопштено дека нивните ставови остануваат непроменети.

Според него, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со ВЛЕН и ЗНАМ, понудила нов пристап, со кој опозициските партии најнапред треба меѓусебно да ги усогласат своите различни позиции.

„Им предложивме на СДС, ДУИ, Левица и другите опозициски партии да седнат и да се договорат за сите прашања околу кои имаат различни ставови. Тоа се една изборна единица, моделот на финансирање, постапката за приговори и поплаки, како и моделот за гласање на дијаспората“, истакна Стојаноски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати секое решение што ќе произлезе од договорот на опозициските партии.

„Сè што ќе договорат Левица, СДС, ДУИ и другите опозициски партии – во делот на финансирањето, поплаките, една изборна единица и сите останати детали – ќе го прифатиме, сè додека биде прифатен нашиот основен став, а тоа е дијаспората да може да го остварува своето уставно загарантирано право на глас и да се изјаснува на изборите“, порача Стојаноски.

Најново од: На прво место

Свети великомаченик Димитриј Солунски, Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

To top