На прво место

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Sajkoski

Sajkoski

Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници.

Промените кои се случуваат на централно ниво и силната работа која е очигледна мора да продолжи и на локално ниво, до секое едно маало.

Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници:

Сопиште – Јане Мицевски

Кичево – Александар Јовановски

Крива Паланка – Оливер Алексовски

Маврово Ростуше – Онер Јакуповски

Кривогаштани – Сашо Граорковски

Шуто Оризари – Ерџан Демир

Крушево- Нико Чонески

Валандово – Ѓоко Камчев

Виница – Митко Костадиновски

Демир Хисар- Никола Најдовски

Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов

Радовиш – Љупчо Почивалец

Чашка – Дејан Андоновски

Прилеп – Дејан Проданоски

Струмица -Петар Јанков

Неготино- Марија Нацева

Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложни од коалициската партија ЗНАМ.

Убедени сме во способноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа.

Секој еден кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа, и важат за искрени, чесни и работливи луѓе. Луѓе кои си го одржуваат дадениот збор, и кои ќе бидат вистински татковци на градот.

Изминатава година граѓаните ги почувствуваа придобивките од новиот пристап на работата. Се помогнаа општините со 250 милиони евра, со кои се решија децениски проблеми со кои се соочуваа нашите граѓани. И тука не запираме, продолжуваме и повторно со нови проекти.

Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие 4 години како локална и 1 година како централна власт.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ врз база на внатрепартиски анализи и сондажи заклучи дека партијата оди на уште една историска победа на претстојните локални избори. На претстојните избори не очекува голема победа, а потоа многу работа и посветеност за секое место.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

To top