На прво место

Апасиев тврди дека Македонија станува „нација на кириџии“ – што велат фактите?

Наместо проверени факти и статистички податоци, Апасиев повторно пласира политички тврдења што не се совпаѓаат со официјалните европски статистики.

И покрај растот на закупнините, Македонија останува меѓу европските држави со најголем број граѓани што живеат во сопствен дом

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека „власта сака оваа нација да ја направи нација на кириџии“, повикувајќи се на податок дека закупнините во Македонија се зголемени за околу 20 проценти. Во својата изјава тој исто така посочи дека во Австрија, Холандија, Франција и Германија голем дел од станбениот фонд е во државна или социјална сопственост.

Сепак, според европските статистички податоци, сликата е посложена.

Македонија е меѓу државите со највисока стапка на сопствено домување во Европа. Според податоците на Евростат и меѓународните статистички бази, околу 85 до 90 проценти од граѓаните во Македонија живеат во сопствен стан или куќа. Тоа е значително над просекот на Европската Унија, кој изнесува околу 68 проценти.

За споредба, во Германија сопствен дом имаат околу 47 проценти од населението, во Австрија околу 55 проценти, во Франција околу 61 процент, а во Холандија околу 69 проценти. Тоа значи дека во овие држави многу поголем дел од населението живее под закуп отколку во Македонија.

Тврдењето дека „секој втор или трет стан е државен стан“ исто така не ја отсликува целосно европската практика. Австрија навистина има еден од најуспешните модели на јавно и непрофитно домување, особено во Виена, каде голем дел од жителите живеат во општински или субвенционирани-социјални-станови. Но тој процент се однесува на главниот град, а не на целата држава.

Во Холандија социјалното домување опфаќа приближно една третина од станбениот фонд, во Франција околу една петтина, додека во Германија фондот на класични социјални станови е значително помал. Во овие земји доминира добро регулиран пазар на изнајмување, со силна законска заштита на закупците и долгорочни договори, поради што голем број граѓани доброволно живеат како потстанари.

Од друга страна, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на закупнините навистина бележат раст, што претставува дополнителен финансиски товар за граѓаните кои немаат сопствен дом. Прашањето за достапноста на домувањето, изградбата на нови станови и политиките за поддршка на младите семејства останува легитимна тема за јавна дебата.

Но, фактите покажуваат дека Македонија не е меѓу европските држави со најнизок степен на сопствено домување. Напротив, според европските статистики, таа и натаму се наоѓа меѓу земјите во кои огромното мнозинство граѓани живеат во сопствен стан или куќа, додека моделот на долгорочно изнајмување е многу пораспространет во голем дел од западноевропските држави.

Најново од: На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

To top