На прво место

Срамно ликување на СДС врз трагедии

modularna-2

modularna-2

СДС уште еднаш ја покажа својата вистинска природа – немаат ниту срам ниту чувство, па дури и врз човечки трагедии се обидуваат да собираат политички поени.

Пожарот во Кочани го користат за да се прикажат како спасители, иако сите знаат дека токму тие се виновници за најцрните трагедии во поновата македонска историја.

Да се потсетиме:

–        Модуларната болница во Тетово – таму 14 луѓе живи изгореа поради нивниот криминален и импровизиран проект. Никој не одговараше!

–        Онкологија – илјадници пациенти останаа без соодветен третман, со години се крадеа лекови додека болните умираа, а власта молчеше.

laskarci

–        Ласкарци – автобус полн со патници се претвори во масакр, над 50 семејства завиени во црно, а институциите нивни под команда молчеа и прикриваа.

–        Автобусот во Бугарија – уште една трагедија со десетици мртви, а државата неспособна дури ни телата на жртвите достоинствено да ги врати дома.

И сега, овие истите што дозволија вакви пустоши и национални трауми, денес лицемерно да глумат загрижени и држат лекции. Срамно е! Додека седум години беа на власт, не направија ништо да ги заштитат граѓаните, напротив, со својата небрежност и криминални политики само создадоа услови за трагедии.

Ако навистина се грижеа, зошто не го спречија хаосот во здравството? Зошто дозволија импровизирани модуларни болници без стандарди? Зошто дозволија онколошките пациенти да умираат без терапија? Зошто секоја несреќа што се случи беше проследена со нивно молчење, прикривање и манипулација?

Граѓаните не се наивни, добро знаат дека СДС денес не плаче за жртвите, туку плаче за изгубената власт. Затоа и трагедијата во Кочани ја претвораат во партиска прес-конференција. Тоа е дно на политиканството, најмизерно можно однесување.

Затоа мора гласно да се каже: трагедиите не смеат да се заборават, а вината мора да се памети. За секој изгорен живот, за секоја изгубена душа во болница, во автобус, на пат или поради украдена терапија постои одговорен. Тој одговорен не може да глуми спасител, туку треба да одговара пред народот и пред историјата.

Време е овие самонаречени “загрижени спасители” конечно да замолчат и да се соочат со вистината: нивните раце се валкани со крв од сопствената неспособност и криминал.

701 copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

To top