
Голема донација од 118.000 долари за младите и жителите на Зубовце
На отворањето на „Spacepark“ во Скопје – нов центар за учење и иновации во областа на технологијата, науката и претприемништвото – беше објавена голема донација за селото Зубовце и младите што потекнуваат од таму.
Донацијата ја најави Душан Стојановиќ, успешен инвеститор со светско име, потекло од село Зубовце. Тој нагласи дека најважното што може да го донесе дома е знаењето: „Верувам дека знаењето е најголемиот капитал. Со него можеме да создадеме и повеќе пари, и повеќе можности.“

Стојановиќ објави дека донира 118.000 долари преку различни стипендии и програми:
1. Стипендии за невронаука – 10.000 $
За млади од Зубовце што сакаат да студираат невронаука.
2. Стипендии за маркетинг и продажба со АИ – 10.000 $
За студенти од Зубовце што учат маркетинг и вештачка интелигенција.
3. Поддршка за дневен центар за деца – до 10.000 $
Со цел жените да имаат повеќе време за работа и претприемништво.
4. Стипендија за стоматологија – 5.000 $
Во чест на неговиот татко, Александар Стојановиќ.
5. Сесии за рурален туризам – до 3.000 $
Обучување за користење на платформи како Airbnb за развој на туризмот во Зубовце.
6. „Coding Giants“ – ИТ курсеви за деца и млади – 80.000 $
Една година програмирање за 80 ученици од основно и средно училиште.
Жителите на Зубовце ја примија веста со голема радост.

Од името на селото, Мане Јаковлески изјави:
„Горди сме што имаме таков успешен човек од нашето село. Оваа донација е голем поттик и ќе ја искористиме на најдобар начин.“
Текстот и фотографиите се од:
