На прво место

ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

1 copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy

На 28 септември беше осветена новата црква „Св. Константин и Елена“ која се наоѓа во центарот на Скопје. Чинот на ослетувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан во сослужение на голем број свештенослужители, а во присуство на голем број верници и личности од политичкиот и културниот живот, меѓу другото, тој го рече следното:

„Овој храм убавец е радост за сите сетила и со него добиваме уште едно место во кое земјата се сретнува со небото и во кој временото станува вечност, а светите Константин и Елена на кои им е посветен овој молитвен дом, заслужуваат ваква убавина. Но, убавината на храмот не е цел сама по себе, таа, пред се, е водич кон Бог. Архитектурата, фрескописот, иконостасот и црквата служат за да ни помагаат да ги издигнуваме нашите срца кон небесните висини. Молитвените домови не се прават за да ја покажуваме нашата слава, туку за да бидеме близу до Бога, врвејќи го патот на прочистувањето на срцето и просветлувањето на умот. Затоа, не е доволно да ги осветуваме само храмовите, туку треба и ние себе си да се осветуваме во нив, не е доволно да се воодушевуваме на нивната убавина, туку треба и ние да ги разубавуваме нашите души во нив“, потенцира г.г. Стефан.

По завршувањето на осветувањето, беше соопштено дека МПЦ му доделува Орден на Св Климент Охридски од прв ред на ктиторот Сашо Костовски и неговото семејство, за финансиска помош со која беше доградена црквата.

Инаку, црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012 година и во период од 13 години заврши изградбата. Храм е посветен на римскиот император што го признал христијанството, а тоа се Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена. За нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи дека тие се рамни на апостолите.

Според историските документи, во времето кога во Рим царувал Диоклецијан, управник на западните римски области бил христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го добил синот Константин. Последниов во историјата толку се прославил, што го добил името Велики. За христијаните тој е првиот благочестив цар кој во 313 година го издал познатиот Милански едикт, со што се прекинал тривековниот прогон на христијаните во Римската империја.

Со Константин почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа тој го одбележал со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свикал и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изградил многу величествени цркви, посебно во Ерусалим. Пред смртта се крстил, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена.

Затоа е запишано дека царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска Империја што ја признал оваа вера.Инаку, во првите три века христијанството било жестоко прогонувано, но сепак, бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал.

11 copy

Во четвртиот век за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан прогоните биле најжестоки. Биле уривани христијанските храмови, биле палени христијанските книги, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања. Дури за време на Констанциј Флор, таткото на Константин односот кон христијаните омекнал. Константин е најстариот син на царот Констанин Флор, и царицата Елена.

Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година, каде што татко му како висок римски службеник тогаш бил на служба. Кога татко му умрел, во Англија, во 306 година како император на Западната римска империја Константин го заменил на императорскиот престол. Мајка му Елена, многу добра и побожна жена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе.

Според историските документи црковниот храм што е посветен на „Св. Константин и Елена“ бил изграден во „Влашката Маала“ во Скопје во периодот пред Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970 години храмот бил миниран за да се изгради влезот на Градскиот трговски центар во Скопје. Притоа, иконописецот Нестор Алексиев го изработил еднокрилниот, одмерено расчленет и обликуван иконостас, висок неколку метри, а широк околу 10 метри. Денес делови од овој иконостас се наоѓаат во црквата „Св, Петар и Павле“ во Јурумлери и во „Св. Никола“ во Куманово.

111

Изглед на црквата пред Втората светска војна 

Првобитно, возобновување било замислено црквата да се гради на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје.  Но, по бурните реакции и несогласувања на дел од народот во Скопје, локацијата била преместена непосредно до Домот на АРМ и недалеку од автентичното место на скопскиот плоштад. Осветувањето на темелите на новиот храм „Свети Константин и Елена“ било извршено на 11 ноември 2012 година од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот брегалнички Иларион и свештеници од Скопската епархија. На настанот присуствувале голем број видни личности од Македонската влада и градот Скопје.

Идејното решение и основниот проект на црквата било изработено од архитектите Искра Лековска и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ од Скопје, додека изградбата на црквата ја вршела фирмата „Бетон“. Црквата е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи, како и четири апсиди и една олтарна апсида. Камен-темелникот бил поставен на 11 ноември 2012 година, а инвеститор на изградбата била Македонската православна црква – Охридска архиепископија која за таа цел ја основала Фондацијата „Свети цар Константин“. За да собере пари за изградба на црквата, фондацијата одржала три донаторски конференции. За потребите на црквата биле изработени 12 камбани, направени во фабриката „Грасмаер“ од Инсбург, од кои, најголемата камбана е со тежина од 8,3 тони,  а втората и третата камбана тежат 3,5 и 2,3 тони. Пластичната декорација и иконите на камбаните се дело на Дарко и Елена Дуковски.

На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.

1111 copy

На денот на осветувањето на црквата „Св. Констатин и Елена

Овој храм е со бруто-површина од околу 2.000 м2 и е досега најголемиот изграден православен храм во Македонија. Храмот го сочинуваат истоимената црква “Свети Цар Константин и Царица Елена“, подрумскиот дел (музеј) како и нејзината камбанарија. Храмот е со “мешовит“ конструктивен систем и има една главна централна армирано-бетонска купола со дијаметар од 11м, која е со дебелина од 20 см и други 4 помали куполи со дијаметар од 8м и дебелина од 15 см. По висина на храмот, постојат 5 нивоа: ниво “0” (+0м), ниво “1” (+4.26м), ниво “100” (+10.05м), ниво “200” (+15.00м), ниво “300” (+19.95м) и ниво “400” (+25.86м). Најголемата висина на храмот во внатрешноста е 30м.

Конструктивните елементи на храмот ги сочинуваат столбови со димензии 100/100 см, во зависност од геометриската форма на самиот храм. Хоризонталните плочи се со дебелина од 20 см, додека подрумските надворешни ѕидови се изведени како армирано-бетонски со дебелина од 62 см и 80 см, заради овозможено налегнување на камениот дел од фасадните ѕидови. Вертикалната комуникација низ објектот се обезбедува преку коса скалишна плоча која е со дебелина од 20 см.

Под платото на храмот, постои и подрумски дел, кој се предвидува да биде музеј па затоа приземната меѓукатна плоча од храмот е изведена како армирано-бетонска касетирана конструкција. Се смета дека тој дел во иднина да биде културен центар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на целиот христијански народ во Македонија.

Затоа, на чинот на осветувањето на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан рече дека со изградбата на овој семакедонски, сеправославен храм се надминавме себе си. Овој нов молитвен дом со неверојатна убавина нека биде уште еден сведок дека нашиот народ продолжува да биде црквоградител и дека Македонија продолжува да биде земја храм, земја манастир и земја крст.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

To top