На прво место

Вистината за Македонија преку Питер Далас или Питер Делиос!

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Вистината од секогаш знае да победи, не ѝ е важно кога ќе се појави, дали по 70 или 700 години, вистината е трпелива, тајно расте и потоа ненадејно, се пробива како зора по долг мрак.

Најжив пример за тоа е животот на Питер Далас или Питер Делиос кој живее со САД, човекот што носеше 70 години друго име и друго верување за своите корени, а потоа се најде себеси и своите корени во Егејска Македонија, дека не е Грк туку дека е чистокрвен Македонец, а неговото име и презиме е Петре Делев.

Петре Делев целиот свој живот веруваше дека е Грк, се претставуваше како Питер Делиос, се венча со Гркинка, ги посетуваше грчките храмови и живееше во уверување дека сето тоа е негово.

Но судбината понекогаш нежна, понекогаш сурова, го поведе на пат кој никогаш не го помислил: пат кон Грција, но и кон вистината. Токму таму, меѓу старите камења и гласовите на минатото, му рекоа нешто што ќе му ја промени душата, дека не е она што мислел; дека неговото вистинско име не е Питер Далас или Питер Делиос туку Македонското Петре Делев и дека крвта во неговите вени е Македонска и дека е чистокрвен Македонец.

Замислете го моментот: 70 години живот, полн со заблуди, надежи, стравови и обични човечки грижи, и потоа едно единствено, едноставно откровение. Како да се скршил тесен мост, како да се отклучила забравена врата во срцето и одеднаш доаѓа леснина, длабока како пролетен здив.

Тоа ослободување не е само лична радост; тоа е тивко обновување, ехо од родното тло кое го повикува човекот по име. Петре почувствува дека целото неподносливо бреме што го носеше по својот грб децении наназад целосно се растура, како магла пред сонцето и во исто време, како стравот да се претвори во решителност, да ги бара, да ги научи, да ги прифати изгубените делови од своите корени и својата историја.

Средината на неговата приказна е како поема: ги препознава вкоренетите песни, ги слуша шепотењата на старите родови, ја вкусува солта од суетата и љубовта, и со секој здив се приближува до она што отсекогаш му припаѓало.

Секој чекор по патот е благослов и казна истовремено, благослов што му дава смисла, казна што го потсетува на поминатото време што никогаш нема да се врати. Но таа болка не е бесцелен товар; таа стана семе за ново ќе се роди: желба да се надокнади изгубеното, да им се врати топлината на деновите и да ги сподели откритијата со тие кои исто така ги бараат своите корени.

Неговата желба е луѓето да ја најдат вистината за своите корени, не како винска чашка за заборавање, туку како светилка што ќе ги води низ темнината на заборавот.

Поради тоа, сега Петре Делев не застана на тивко задоволство. Тој го отвори срцето и го отвори интернетот: создаде страница, социјална група, место каде што секој што се чувствува изгубено во своите корени може да дојде, да побара, да праша, да заплаче и да се насмевне.

Сега, кога го откри вистинското име и потекло, Петре сака да ги надокнади сите оние изгубени години, сака да научи македонски песни, стари приказни, да ги запознае македонските обичаи и да им ги отвори патиштата и на останатите кои како него, да си ги најдат своите вистински корени.

Неговата судбина е и наша  опомена: колку силна може да биде вистината, и колку лесно понекогаш лагите и пропагандите на нашите соседи можат да ги заматат човечките души.

Тоа е лекција за сите нас: да си ги чуваме и пренесуваме нашите корени на нашите деца и внуци, со храброст, да ги пренесуваме спомените и да не дозволуваме туѓите лажни пропаганди да ни ја уништат нашата светла и горда македонска историја и нашите корени.

Но вистината е како шило, на крајот, се пробива и кога ќе допре до човекот, го менува неговиот внатрешен компас. 

Господ е еден и голем, и Он знае како и кога да ги средува работите. Ние можеме само да Му благодариме дека ги отвори очите на еден човек, а преку него, дај Боже, да ги отвори очите и на многу други.

Да Му се поклониме во тишина и да Му благодариме на Бога за вистината што дојде до Петре Делев, за радоста што ја донесе на неговата душа и за надежта што ја посеа во многу срца.

Слава на Тебе, Господе! Продолжи да ја откриваш вистината, да ја заштитуваш нашата земја и да ги будиш оние што се наоѓаат во заборав.

Нека секој што ќе ја прочита оваа приказна почувствува топлина, утеха и храброст да ја побара својата вистина за своите вистински Македонски корени!

АМИН!

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски-Австралија

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top