На прво место

СО ЛАГА, АГА НЕ СЕ БИДУВА!

2

1uv23 copy

Има ли уште некој што им верува на Венко Филипче и Зоран Заев?

После сè што ѝ направија на Македонија, после сите штетни политички договори со кои го променија нашето име, нашето достоинство и идентитет, после економскиот колапс скриен зад зборот „реформи“, партизираното судство и безбројните корупциски афери, довербата во тие луѓе денес изгледа како најскапиот луксуз што народот не може повеќе да си го дозволи.

Тие создадоа наратив во кој секој што ќе се спротивставеше е „ретрограден“, „анти-ЕУ“ и на погрешната страна на историјата. А вистината? По сите тие „реформи“, Македонија ја оставија понижена, блокирана, со изгубена надеж.

И истите тие лица, Зоран и Венко, денес повторно се обидуваат да ни продадат приказна за некакви „нови почетоци“. Да видиш, да слушнеш и да не веруваш!

Денес на нивните средби со неколкумина покрај нив, не ја спомнуваат северна, туку повторно со полна уста викaат Македонија, како ништо да не било. А токму тие беа тие што ја наметнаа „С“ пред светот. Бог да чува и брани од полошо!

Колку и да се обидуваат со нови кампањи, нови ветувања и празни пароли, народот веќе не гледа надеж во нивните зборови: отвори уста и излажи.

По толку години лаги, политички игри и штетни договори, останува едно прашање: Има ли уште некој што верува во нивните лаги? или Како што вели старата македонска изрека: со лага, ага не се бидува!

Време е оваа земја конечно да се ослободи од митот дека промената може да дојде со истите луѓе што ја лажеа и ја држеа Македонија во место со години наназад.

Иднината не се гради со лажења и само ветувања, туку со чесност, одговорност и храброст.

Затоа да излеземе на следните локални избори и да гласаме за бројот 9 за себе, за нашите деца и внуци и за нашите семејства.

На 19-ти октомври да излеземе масовно како никогаш досега да го заокружиме бројот 9 , за иднината на нашето маало, за нашата улица и за местото во кое сме родени и живееме.

Да гласаме за нашата заедничка Македонија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top