На прво место

19 Октомври е денот кога народот ќе ја исправи неправдата!

Wahl 500 85

Wahl 500 85

Локалните избори на 19 октомври нема да бидат обични избори. Тие ќе бидат народен референдум за чесност, одговорност и љубов кон Македонија.

19 октомври ќе биде ден кога народот ќе каже: „Доста беше СДС!“, „Доста беше од ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ!“ доста од лаги, од криминал, од понижување.

19 октомври ќе биде ден кога ќе победи разумот, трудот и народната волја, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие заслужената поддршка од мнозинството граѓани.

Последните анкети се повеќе од јасни: односот е 4:1, а во некои општини и повеќе во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Народот препозна дека оваа партија не зборува само за промени, таа ги прави.

Додека СДС, Заев и Филипче ветуваат и го лажат народот, како многупати до сега, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работаат. Додека СДС градеше со зборови и на хартија, ВМРО-ДПМНЕ гради на терен. И затоа разликата во довербата денес е огромна, затоа што луѓето гледаат кој е со нив, а кој против нив.

СДСМ остави зад себе празни ветувања и разурната држава.

Се сеќава народот, ветуваа живот, а донесоа скапа струја, поскап бензин и рекордна сиромаштија.

Ветуваа правда, а гледавме неспособност, непотизам и систем што им служеше само на своите.

Ветуваа европска иднина, а го продадоа името на државата и со тоа го повредија достоинството на секој Македонец.

Додека луѓето едвај ги плаќаа сметките, тие делеа тендери.

Додека младите си заминуваа, тие вработуваа нивни роднини.

Додека земјата се гушеше во корупција, тие зборуваа за „нови лица“, а позади нив стоеја истите стари сенки, истите бизниси, истата алчност.

Народот не заборава. Народот гледа и знае, кој гради, а кој руши. Кој служи, а кој користи.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на надеж и исправен пат. ВМРО-ДПМНЕ е симбол на враќањето на достоинството. Со чесен пристап, конкретни резултати и јасна визија, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во Македонија може поинаку!

Пензиите се зголемени 6000 денари, земјоделците добиваат реална поддршка, инфраструктурата оживува, а општините повторно работат за граѓаните, не за партијата.

Во секоја општина каде што владее ВМРО-ДПМНЕ, се гледа разлика, нови улици, училишта, градинки, чисти сметки, реални проекти. Тоа е доказ дека кога се сака и се може.

И затоа народот ќе излезе масовно на 19 октомври, да ја потврди таа разлика, да ја награди чесноста и трудот на градоначалниците предложени од ВМРО-ДПМНЕ и колацијата.

Народот нема омраза, има паметење. Народот ниту сака да мрази, ниту да понижува. Но има граница. И кога ќе види како истите тие што ја продадоа државата и го излажаа народот, повторно се шетаат по митинзи и зборуваат за „нова надеж“ и дом, народот се чуди. Се чуди до каде може да оди човечката дрскост, да потцениш народ кој ти даде доверба, а ти ја изневери.

Нивниот вистински резултат ќе го видат на 19 октомври, а ќе биде катастрофален за СДС, затоа што народот ќе гласа за иднина, не за минато.

На 19 Октомври, ќе победи чесноста, работата и народната волја

На 19 Октомври, Македонија ќе стане посилна.

На 19 Октомври ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие потврдата дека вистинската сила е во народот, а не во СДС, партијата што заборави што значи држава. Тоа е симболика на една нова енергија, енергијата на луѓето што веруваат, што сакаат, што не се предаваат.

19 октомври ќе биде повеќе од победа на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде победа на народот што одлучи да ја врати Македонија таму каде што ѝ е местото, исправена, горда и достоинствена!

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top