На прво место

Мицкоски: Македонија избра насока, избра вредности

Mickoski25

Mickoski25

Мицкоски: Македонија избра насока, избра вредности

„Ви ветивме победа – и имаме победа! Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности, работа и чесност. Но ова не е крајот – ова е почетокот на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна.“

Мицкоски нагласи дека граѓаните гласале за вистината дека може подобро, за идејата дека трудот и чесноста носат резултати.

„Довербата не е награда – таа е обврска што почнува утре. Со секој нов ден, со секоја улица, училиште, фабрика и болница што ќе ја направиме. Нашата вистинска победа ќе биде кога секој човек ќе каже: Да, вредеше!“

Победа во над триесет општини уште во првиот круг

ВМРО-ДПМНЕ победи убедливо уште во првиот круг во повеќе од триесет општини, меѓу кои: Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Охрид, Велес, Радовиш, Ресен, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Кисела Вода, Илинден, Свети Николе, Делчево, Берово, Гевгелија, Карбинци, Демир Хисар, Новаци, Градско, Петровец и Јегуновце.

По дваесет години, паднаа општини кои долги години беа бастиони на СДСМ.

Во Скопје, Орце Ѓорѓиевски има огромно водство и извесно е дека ќе победи и во вториот круг.

Порака за ДУИ и опозицијата:

„Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков: полека, ќе бидеш непријатно изненаден. И тоа се случи. Овие избори ја поразија политиката на етноцентризам и празни теми. Народот избра реални политики, работа и иднина.“

Мицкоски порача дека опозицијата мора да се реформира – не послушна, туку способна, чесна и фокусирана на реалните проблеми на граѓаните.

Пред нас се уште две недели – време на одлука

„Ова не е време за калкулации, ниту за поделби. Нема мали и големи општини. Постојат само граѓани кои сакаат достоинствен живот и чиста совест.“

Во следните две недели, Мицкоски најави директна комуникација со народот:

„Ќе одиме од човек до човек, од куќа до куќа – не за да убедуваме, туку за да потсетуваме дека оваа држава е наша и никој нема право повторно да ја врати назад.“

Повикување на единство и масовност

„На вториот круг излезете сите масовно – со иста сила, вера и љубов како денес. Да ја потврдиме промената и да ја заокружиме победата. Македонија има сила, има луѓе и има волја. И кога тие три нешта ќе се соединат – нема сила што може да ја сопре Татковината!“

„Ви благодарам, народе на Македонија. Заедно испишуваме историја. Да сте живи и здрави!“

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top