На прво место

Халуцинациите на СДС стануваат партиска стратегија!

701 copy

11-MN

СДС по стара навика, очајно бара начин како поразот да го претстави како успех.

Јавноста, веќе навикната на нивните фантазии, со неверување ги слуша споредбите и се прашува: дали овие луѓе живеат во истата држава со остатокот од народот?

Секојдневно слушаме дека резултатот од првиот круг на локалните избори бил „историски успех“. Не е јасно дали оваа идеја им ја шепнал некој или е колективна халуцинација.

Едно е сигурно, секој пат кога СДС губи, добиваме нова лекција по политичка фантастика.

Од избори во избори, сценариото е исто: губат, а слават. Народот им ја затвора вратата, тие велат дека „влегуваат во нова ера“. Се дават во пораз, но го нарекуваат „победа на визијата“. Вистинска уметност на политичка самохипноза.

Очигледно некој таму мисли дека ако лагата се повтори доволно пати, ќе стане вистина. Но народот одамна го „излечи“ тој синдром. Не верува веќе во „вистини“ што се менуваат секој ден како временската прогноза.

И така, повторно го гледаме истиот филм:
Кога победуваат, тоа е „волја на народот“.
Кога губат, „народот не ги разбрал“.
А кога се понижени на избори, „народот не знаел да гласа“.
И секогаш има виновен, опозицијата, медиумите, времето, дождот, па дури и снегот во декември. Сите, само не тие.

Но овојпат нема простор за алиби. Народот масовно ја кажа својата волја: доста беше од лаги, манипулации и празни ветувања. Социјалдемократите треба конечно да се погледнат во огледало и да ја прифатат вистината, нивната ера заврши не со аплауз, туку со потсмев.

Од ВМРО-ДПМНЕ пристигна јасна порака: време е за освестување, не за прес-конференции со „историски“ споредби.

Политиката не е терапија за лични комплекси, туку обврска кон граѓаните. А тие веќе избраа, чесност, работа, ред и држава што ќе биде дом за сите, а не само за партиски привилегирани.

Додека СДС на хартија брои „успеси“, Македонија оди напред, со луѓе кои не веруваат во илузии, туку во дела.

И да, денес навистина е нов ден, но не за СДС, за Македонија е нов ден.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top