На прво место

Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

Kicevo-28.10 11

Kicevo-28.10 11

На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Kicevo-28.10 7

После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, којашто некогаш се случила. И ако на тоа се додаде и извесната победа на Орце Ѓорѓиевски за град Скопје, којшто води 3:1 после првиот круг во однос на неговиот противкандидат, тогаш заокружуваме бројка од 60 градоначалници коишто ќе дојдат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и главниот град, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Кичево во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори на 2 ноември во недела.

Мицкоски се осврна и на победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за листите на советници во 58 општини, каде што оствари убедлива победа и освоија мнозинство во советите.

Додаде дека не беше лесно, туку дека беше тешко но единството и поддршката на граѓаните покажа дека може да се совлада и помногуброен противник, зошто кога сме сплотени и обединети како едно, сме посилни и можеме да совладаме многу побројни и поголеми противници.

„Затоа е многу важно на 2 ноември во недела да се обединиме овде во Кичево, без разлика на нашите различности, без разлика дали тие различности се етнички, верски или политички. Многу е важно да бидеме како едно, да се обединиме околу вредностите коишто ги споделуваме, да се обединиме околу цивилизацијата којашто ја застапуваме. Затоа што јас сум убеден дека против кандидатот на Александар не ги споделува нашите вредности, не ја споделува нашата цивилизација. И секој оној којшто ќе го земе пенкалото во рака и ќе застане позади гласачката кутија, со гласачкиот лист пред него, нека го слуша својот разум и своето срце и нека гледа длабоко во својата душа, од таму ќе извира бројот 9. И нека го заокружи бројот 9, нека заокружи за Александар“, повика претседателот Мицкоски во недела масовно да се гласа за кандидатот ан ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски.

Понатаму додаде, секој оној кој ќе биде исправен пред предизвикот дали да го поддржи Александар или неговиот против кандидат, нека се присети на вредностите кои ги застапува Александар и вредностите кои ги застапува неговиот против кандидат.

„Дали вие сакате да живеете во средина во којашто ќе владеат криминалот, блуд, разврат и уцени? Дали сакате Кичево да биде домаќин на блуд, разврат, криминал и уцени?Заборавете на етничката припадност, сетете се на вашите ќерки, на вашите внуки, дека некоја од нив може да биде жртва на овој човек. Затоа, кога ќе го имате пенкалото во рака, верувајте во вредности, не во басни, не во приказни. Заборавете на нешто што некој ви кажува дека се случило пред 4, 5, 6 децении, верувајте на оние коишто ви кажуваат што ќе се случува за четири, пет децении од денес. Заборавете на оние романтични приказни што некој ви ги кажува за некое измислено минато коешто никогаш не се случило. Верувајте на иднината којашто сите ние заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати ќе ја градиме. Тоа е иднината на Македонија“, упати Мицкоски обединувачка порака и повик до сите етнички заедници.

Kicevo-28.10 1

Kicevo-28.10 4

Kicevo-28.10 5

Kicevo-28.10 9

Kicevo-28.10 10

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top