На прво место

Среќна 21-годишнина, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД)

701 copy

11-MN copy copy copy copy

Обединетата Македонска Дијаспора ја одбележува 21-годишнината од основањето на организација која во изминатите две децении стана вистински глас, срце и мост меѓу Македонците ширум светот. Од нејзиното формирање во 2004 година, па до денес, ОМД е симбол на обединетост, активизам и љубов кон татковината.

Во време кога светот се менува со невидена брзина, а националниот идентитет често се става на искушение, ОМД остана постојан стожер на македонската мисла, на македонската кауза и на националното достоинство.

21 години дела, не само зборови

Од 2004 година наваму, ОМД зад себе остави импресивни резултати:

  • Над 2 милиони долари хуманитарна помош за Македонија – во најтешките моменти, кога беше потребно, дијаспората беше таму.
  • Над 1,25 милиони долари инвестиции во образование и култура – во поддршка на македонските вредности и иднината на младите.
  • Повеќе од 200.000 долари стипендии „Битове“ за македонски студенти – помош што создава генерации образовани патриоти.
  • 65 учесници во програмата „Birthright Macedonia“, кои од дијаспората се враќаат во татковината, за повторно да ја почувствуваат Македонија во срцето.
  • 370 млади преку „Generation M“, кои ја продолжуваат мисијата на ОМД со нова енергија и визија.
  • 150+ стажанти во Вашингтон, кои ја претставуваат нашата земја во срцето на светската дипломатија.
  • 4.500+ учесници на настани ширум светот — секој настан со едно исто мото: Македонија пред сè!
  • 37 членови на Конгресната група за Македонија — резултат на дипломатска, посветена и долгорочна работа на ОМД.

Овие бројки не се само статистика. Тие се доказ дека љубовта кон Македонија не познава граници.

ОМД е повеќе од организација, тоа е семејство на Македонци од Австралија до Канада, од Америка до Европа, кои ја носат Македонија во срцето. Нивната работа, нивниот глас и нивното влијание се сведоштво дека македонскиот дух не може да се изгасне, туку напротив, со секоја генерација станува посилна.

Благодарение на ОМД, светот го слуша македонскиот глас, гласот на народ кој не се откажува од своето име, својот јазик и својата култура.

ОМД не само што обединува, таа инспирира. Таа гради иднина каде што секој Македонец, без разлика каде живее, ќе може гордо да каже:
„Јас сум дел од една голема, обединета и достоинствена Македонија!“

Среќна 21-годишнина, ОМД!
Продолжете да бидете светлина за сите нас  и потсетник дека Македонија живее во срцето на секој Македонец, без разлика на тоа колку километри е далеку од нејзината земја.

Заедно, силни, обединети, за Македонија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top