На прво место

На 2 ноември, повторно ќе се слушне гласот на народот

701 copy

11-MN copy copy copy

Ние сме народ кој преживеал секакви невремиња, војни, поделби, сиромаштија, лаги и неправди, ни ја одзедоа иднината, но не и достоинството, нè лажеа со ветувања, но не можат да ни ја одземат љубовта кон Македонија.

Запомнете, Ние сме генерации кои ја наследиле обврската да ја чуваме Македонија исправена, горда и непокорна.
Многу пред нас се бореле со оружје, а ние денес се бориме со пенкало, нашиот најсилен куршум во демократијата.

На 2 ноември, повторно да се исправиме, гордо, достоинствено, со верба во себе, да покажеме дека овој народ знае да казни, но знае и да награди, знае да го препознае доброто и да ја почитува чесноста. На 2 ноември, да покажеме дека оваа земја припаѓа на народот, а не на корумпирани елити.

На 2 ноември, да покажеме дека Македонија не е ничија приватна фирма, да им докажеме дека народот знае, гледа и не заборава.

2 ноември не е само изборен ден, тој е народен празник на достоинството, ден кога народот ја зема судбината во свои раце, и повторно ќе се слушне гласот на народот, гласот кој не го скршија ниту лаги, ниту притисоци, ниту понижувања. Секој глас за број 9 е ДА за држава со ред, закон и правда, за работа, за чест, за иднина на нашите деца.

Да излеземе сите чесни, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Евреи и сите други, оваа земја е на сите нас, на 2 ноември, е моментот кога повторно ќе покажеме дека сме најсилни кога сме обединети и кога веруваме во тие што ја водат Македонија на чело со Христијан Мицкоски, искрено, чесно и кои го обединуваат народот без разлика на вера или нација.

На 2 ноември со заокружување на  бројот 9 е како ново: „Да живее Македонија“!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top