На прво место

Конгресот е значаен и за зајакнување на структурата, влез на нови луѓе, и е вовед во подготовка за голема победа на парламентарните избори

87900

87900

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во рамки на Тема на денот се осврна на претстојниот Конгрес на партијата, како и на резултатот од локалните  избори.

„Подготовките за редовниот 18 Конгрес започнаа во јули согласно со правните акти на партијата. На Конгресот ќе има над 800 делегати, 1800 гости, ќе донесеме и важни стратешки документи кои ќе бидат идна тратекторија на партијата.

Секако овој Конгрес треба да ни е една подготовка за подобро структуирање на партијата, односно да имаме зајакнување на структурата, влез на нови луѓе и да направиме она што беше очекувано победата на локалните избори да е вовед во голема победа на парламентарните избори ако бидат редовни во 2028 година. Треба да покажеме дека ќе има континуитет и ВМРО-ДПМНЕ ќе испорачува за граѓаните и за државата“, рече Сајкоски.

Сајкоски укажа дека тоа што се случи на локалните избои за ВМРО-ДПМНЕ е голем резултат и оти тоа се историски резултати воопшто.

„Анализирајќи преку бројки резултатите имаат историски, голем резултат. Добивме голема доверба од граѓаните и следниот период ќе следи и анализа, но морам да прецизирам ВМРО-ДПМНЕ доби општини кои дваесеттина години биле во рацете на градоначалници од СДСМ. Тоа се Струмица и Карпош, но и Крушево, Валандово, Дојран… ВМРО-ДПМНЕ го доби и Кичево. Го изгубивме 2013 година и се провлекуваше тезата за етничка линија. Нашиот кандидат доби гласови од сите, затоа ова е најсилен исчекор што го имала некоја политичка партија“, кажа Сајкоски.

Сајкоски укажа дека огромната бројка на општини што ги доби партијата, определбата на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ се важна порака до партијата.

„Пораката значи дека треба многу да испорачаме на секое ниво. Ние како водечки политички субјект треба да работиме многу и да испорачаме многу за да ја оправдаме довербата од граѓаните“, заклучи Сајкоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top