На прво место

СДС измисли нова приказна да си го крене рејтингот?

16-veterani 38 copy copy copy copy copy copy

16-veterani 38 copy copy copy copy copy copy copy

Ако нема проблем ќе го измислат!

СДС повторно пушти во оптек нова измислена приказна. затоа што немаат рејтинг.

СДС драматично објави дека „Бегалци од Англија ќе дојдат во Македонија.“
Ова е политичка научна фантастика со нула факти и сто проценти очај.

Постојат партии што градат и постојат партии како СДС кои градат само паника. Нивниот политички придонес денес се сведува на една формула: немаме што да кажеме, измислуваме „мигранти од Англија“ се надеваме дека народот ќе се исплаши, а нас ќе ни се крене рејтингот.

Толку е едноставно и толку провидно.

Ова нивно сценарио е како детската приказна „доаѓа волкот“, само што овде нема ниту волк, ниту шумa, има само партиски штаб кој измислува приказни за да заборавиме кои се реалните виновници за вистинската мигрантска трагедија што ја преживеа Македонија.

Премиерот Мицкоски мирно, документирано и со конкретни факти демантираше: Нема договор. Нема бегалци.

Во нормална држава тука завршува приказната. Но СДС не живее во нормална политичка реалност, туку во сопствен маркетинг каде што паниката служи како храна за нивната пропагандна инфузија.

Не заборавајте: најголемата мигрантска криза кај нас беше токму за време на СДС. Цели генерации, млади, стручни, образовани, цели семејства заминуваа поради хаос, криминал и корупција. Тоа беше реална трагедија, не измислена и не симулирана и не нарачана од партиски пи-ар. Стотици илјади Македонци заминаа од една причина: СДС место нешто да сработи за народот, се интересираше како да им ги наполни  сметките на неколку нивни моќници.

И сега токму тие, кои ја иселија државата, најавуваат дека „некој ќе дојде“. Тоа не е политика, тоа е трагикомедија.

Се надеваат дека ако доволно гласно викнат „доаѓаат мигранти“, народот ќе заборави кој ги испрати нашите во туѓина, ќе заборави за криминалот, корупцијата, за штетните договори против интересот на државата,…

Македонија нема проблем со бегалци од странство, Македонија има проблем како да ги врати тие што се иселија за време на владеењето на СДС и како судовите да се одважат и да поведат судска постапка за криминалите за време на нивното владеење.

И за крај, да не заборавиме: ова сценарио веќе сме го гледале.

СДС и порано снимаше пропагандни хорор филмови со режисерски потпис на Сорос и со милионски грантови за „изградба на демократија“. 

Денес, Сорос го нема. Чековите пресушија. Остана само старата навика да фабрикуваат страв и да продуцираат чад без ни трошка оган.

Оваа денешна измислена пропаганда на СДС е, политичка драма без публика, без верба и најважно без ефект.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top