На прво место

Мицкоски: мигранти нема да има !

111 copy copy copy copy copy

111 copy copy copy copy copy

Мицкоски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има, ширењето на лажна паника e кривично дело

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во земјата и кампањата на Венко Филипче за мигранти каде што потенцира дека мигрантски кампови нема да има, а дополнително и советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијативи до советите во општините, да гласаат документ дека мигрантски кампови на териториите  на општините нема да има.

„Не можам да се изначудам се уште кој ги насанка на оваа тема, бидејќи оваа тема тотално не оди во нивна полза, бидејќи самите тие се тие кои што на владина седница гласале за да се градат такви приватни мигрантски кампови и за што имало протести во минатото, вклучително и ние. Јас тоа го кажав во една моја изјава, дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ, е антиемигрантската политика, за што бевме обвинувани дека сме ксенофобична партија. Сега, сосема спротивни обвинувања од страна на СДСМ, а вистината е јасна. Апсолутно таква работа ниту ќе се случи ниту има некој план, или размислувал дека такво нешто се случило. Впрочем такви беа изјавите од единствениот официјален извор, од Британската амбасада во земјава“ кажа Мицкоски.

Мицкоски истакна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите да се гласа таков документ дека мигрантски кампови на териториите на тие општини нема да има.

„Инаку, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите да се гласа еден таков документ, со којшто ќе се јасно стави до знаење дека таа е политиката, односно антиемигрантската политика, политика која што се бори против нелегалната миграција и генерално таков тип на процеси.  Нема на територијата на тие општини да се создадат такви мигрантски кампови и ќе побара од надлежните институции согласно Кривичиниот законик, да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв паника. И покрај  јавно изнесените деманти од страна на Владата, тие се кривично одговорни за тоа што го прават, бидејќи јас разбирам да вие имате во вашата партија проблеми, не можете да мобилизирате извршен одбор, никој не ви се нафаќа да формирате структура, општински организации како и да ги викаат и тоа е во ред“ истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека и покрај сите деманти од Владата и министерствата, СДС и понатаму свесно шири страв и паника кај населението а за тоа во Кривичниот законик се предвидени одредени санкции.

„И разбирам еве таа тема да ја покренете еднаш два пати, но кога веќе официјално стигнува демант од претседателот на Владата, од соодветните министерства внатрешни и надворешни, мислам дека од тој момент па натаму вие го поминувате рубиконот и вие свесно и покрај демантите ширите паника и страв и за тоа во Кривичниот законик се предвидени одредени санкции“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски ги повика соодветните органи да поведат процеси против тие лица.

„Јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октруирани стеги на претходната влада на СДСМ и ДУИ и против овие лица да покренат, би рекол, процес. Затоа што, многумина од граѓаните се загрижени со право, ми се јавуваат и ме прашуваат и покрај тоа што веќе една недела цело време зборуваме со деманти и кажуваме дека такво нешто неа да се случи. Еве ќе поминат месец, два, три, ќе дојде пролет“ рече Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека мигранти нема да има и нагласи дека трајно ќе ја напушти политиката доколку некој од СДС пронајде барем еден мигрант.

 „Мигранти нема никој да види. Впрочем јас реков еве трајно ја напуштам политиката, ако раководството на СДСМ, тоа бар што остана таму од СДСМ пронајде и еден мигрант, којшто е дел од договорот со Обединетото Кралство или било кој друг договор, јас реков дека заминувам трајно од политиката. Еве нема подобар начин, бидејќи се уплашени континуирано од мене, сега мене ми ги бројат овие последни четири години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и сега тие од СДСМ, практично во овој случај, имаат начин еве како да се спасат од мене и порано. Еве нека најдат еден таков мигрант, којшто е резултат на договорот со Обединетото Кралство или со некој друг договор, па да видиме. Ако не јас реков еве не барам да заминат од политиката, тие нека си одлучат, не им се мешам тоа е нивна внатрешна работа. Велам, да се извинат. Ќе дојде и февруари и март, нели го кажаа, нема да има избори, нема да има мигранти и свесно некој ширел паника меѓу граѓаните. Јас разбирам слобода на говор, ама кога веќе 5 пати некој демантира дека тоа ќе се случи, тогаш треба да се застане со таа работа“ истакна Мицкоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top