На прво место

Паметните се договараат пред војна, глупите после неа!

KOH4KWM5OJMZJLFQWGWVGTGDXQ
In this grab from a video provided by the Press Service Of The President Of Ukraine on Friday, Dec 12, 2025, Ukraine's President Volodymyr Zelenskyy records a video at the road entering of Kupiansk, Ukraine. (Press Service Of The President Of Ukraine via AP)

KOH4KWM5OJMZJLFQWGWVGTGDXQ

Постои едно непишано, но сурово точно правило во историјата на човештвото: разумот секогаш доаѓа пред војната, ако има кој да го употреби.

Кога дипломатијата се отфрла, а силата се избира како прва опција, исходот никогаш не е победа, туку трагедија со одложена „мировна“ фаза.

Војните не започнуваат затоа што нема можност за договор. Тие започнуваат затоа што некој одбива договор, верува дека ќе добие повеќе со оружје отколку со збор, или затоа што туѓи геополитички интереси стануваат поважни од сопствениот народ.

Историјата е полна со моменти кога решението било на дофат, и свесно оттурнато. Сценариото речиси секогаш е исто.

4 copy copy copy copy copy copy copy

Пред војната се зборува за „чест“, „стратегија“ и „национален интерес“. По војната, истиот речник исчезнува и го заменуваат зборовите „компромис“, „реалност“ и „болни, но неопходни одлуки“. Само што тогаш цената веќе е платена, со уништени животи, градови и иднини.

Најголемата неправда е што политичарите кои туркаат кон војна ретко ја плаќаат нејзината цена. Тие не гинат, не бегаат, не ги закопуваат своите деца. Тоа го прави обичниот народ. А по сето тоа, истите тие елити често се појавуваат како „миротворци“ и „архитекти на договори“ склучени врз рушевини.

Историјата покажува уште една сурова вистина: договорите потпишани по војна речиси секогаш се полоши од оние што можеле да се постигнат пред неа. Територии се губат, суверенитети се ограничуваат, општествата се трајно осакатени. И тогаш слушаме дека „немало друг избор“.

Имало и секогаш има. Само што договорот пред војна бара храброст и одговорност, а договорот по војна, само пораз и принуда.

Затоа поделбата не е меѓу победници и поразени, туку меѓу одговорни и неодговорни лидери. Паметниот лидер ја користи дипломатијата за да спречи конфликт. Погрешниот ја користи војната за да ја оправда сопствената неспособност.

Таков е и случајот со Украина.

Минските договори, иако несовршени, беа шанса конфликтот да не прерасне во целосна војна. Наместо нивна доследна примена, следеше милитаризација и геополитичко надмудрување.

ukrajina-rat-u-ukrajinin-mariupol-mariupolj-groblje-grobovi-zrtve-0686261119-830x553

Денес, договорите повторно се тема, но по стотици илјади жртви и огромно разурнување, разумот дојде предоцна.

3 copy copy copy copy copy copy copy copy

Кога оваа војна ќе заврши, а мора да заврши, први ќе се појават децата со погледи постари од нивните години, децата што разликуваат звук на дрон од звук на авион, децата што цртаат тенкови наместо сонца.

Ќе се вратат и бегалците.
Ќе се вратат и мајки со по една торба во рацете.
Татковци што никогаш нема да се вратат, веќе ги нема, или се убиени или дезертирале и заминале во егзил.
Старци со клучеви од разрушени домови, или повеќе не постојат.

2 copy copy copy copy copy copy copy

Никој договор на децата нема да им го врати изгубеното детство.
Ниту една резолуција нема да ја избрише траумата.
Ниту една „безбедносна архитектура“ нема целосно да го поправи скршеното во детската душа.

И кога утре ќе се зборува за „обнова“, „планови“ и „иднина“, треба да се запомни една работа: иднината не се гради само со бетон и кредити, туку со доверба, а таа е најскапата жртва на секоја војна и многу тешко се враќа.

Војните најчесто се водат за профит, контрола и моќ. И додека обичниот човек ја плаќа највисоката цена, со живот, дом и иднина, профитот секогаш завршува кај малкумина, далеку од фронтот. Затоа вистинското прашање не е зошто има војни, туку кому му е исплатливо тие да траат што подолго.

Историјата ќе ги памети политичарите на два начина: оние што спречиле војни и оние што потпишале договори по катастрофи. И затоа постои едно ненапишано  правило: Паметните се договараат пред војна, глупите после неа!

И на крај, секогаш мора да има Договор! А цената? како и секогаш, ја плаќа обичниот човек.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top