На прво место

Време е да ја добиеме битката за наталитетот

majka-deca

majka-deca

Многудетното семејство – темелот на опстанокот!

Македонија старее, а се празни–тивката демографска катастрофа што ни се случува пред очи!

Македонија денес живее подолг живот, но со сè помалку деца, помалку семејства и сè повеќе празни домови. Податокот дека очекуваниот животен век во 2025 година достигна 76,6 години на прв поглед изгледа како успех. Но зад таа бројка се крие горчлива и опасна вистина – народот исчезнува побрзо отколку што старее.

Негативниот природен прираст веќе шест години по ред не е случајност, туку последица на иселувањето и разнишаните семејни вредности. Паралелно со падот на наталитетот, браковите се сè помалку, разводите сè повеќе.

Младите и илузијата за „совршениот момент“

Денес младите сè потешко се одлучуваат да стапат во брак. Прво диплома, потоа сигурна работа, автомобил, стан, патувања, а семејството „кога ќе дојде време“.

Но животот брзо поминува. Додека се остварат желбите, младоста веќе минала, а одлуката за семејство станува сè потешка.

Дел од младите стануваат заробеници на комодитетот и навиките, неспремни да ги споделат со друг.

Среќата на човекот не ја прават убавата кола и луксузниот стан, туку чувството дека си сакан, потребен, дека припаѓаш. 

Детската смеа е најсилниот мотив за создавање, за истрајност и за борба. Децата не се товар, тие се богатство. Тие се нашата иднина, нашата надеж, нашата поткрепа кога ќе остареме.

Ако денес не реагираме, утре нема да имаме кого да броиме. Македонија не смее да стане земја на спомени и статистики. Потребна ни е демографска обнова – сега, додека сè уште има кој да ја започне.

Негативните демографски прогнози можат да се изменат само доколку младите во Македонија храбро се соочат со вистината и ги преиспитаат своите ставови за тоа што навистина значи среќен и убав живот.

Ако сакаме да ја зачуваме Македонија, тоа можеме да го направиме само преку многудетни семејства. Само така може да се неутрализира демографската бомба која ни е инсталирана под нозете.

Историјата јасно покажува: многудетните македонски семејства биле најсилниот бедем против асимилацијата. Иако често живееле во сиромаштија, тие имале по пет, шест и повеќе деца.

Сè уште се живи спомените за нашите баби и дедовци кај кои секогаш имало кој да ја продолжи лозата, да ја пренесе приказната за името, обичаите, културата и идентитетот, да раскажува за Македонија.

Залудно е сè ако младите не почнат повторно да веруваат дека можат, дека имаат сила да го вратат сјајот на силното македонско семејство.

Залудни се сите политики и кампањи ако секој од нас не даде личен пример. Залудно е сè ако не поверуваме дека можеме.

Време е зборовите да ги претвориме во дело.
Време е младите да не се плашат од својата најголема мисија.
Време е да ја добиеме битката за наталитетот.

Создавајте семејства.
Имајте деца.
Само така ќе ја зачуваме Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top