На прво место

Онер Јакупоски и Маврово Ростуше ќе бидат дел од историската победа на ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори

mk-mavr1

mk-mavr1

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес на средба со граѓани во општина Маврово Ростуше ги повика граѓаните на масовна излезност и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски. Тој се осврна и на инфраструктурните проекти, како и на економскиот развој и поддршката на Владата за отворање нови директни авиолинии, вклучително и кон Италија, како и на личната и институционална поддршка за завршување на сите инфраструктурни проекти.

,,Долго е во партијата и бил заедно со сите вас, со сите нас и во најтешките моменти на партијата, и сега кога би рекол се најсветлите моменти на партијата, и кога партијата ги доживува најголемите успеси, и затоа мислам дека вашата општина, Маврово Ростуше, треба да е дел од овој победнички тим којшто го има ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.

Николоски ја нагласи историската победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, која што ќе значи и силен инвестициски циклус, а приклучокот којшто се гради ќе го поврзе регионот со автопатот на коридор 8, овозможувајќи директен излез до Охрид-Кичево за 20-тина минути, додека пак, како што вели тој, делот кон аеродромот ќе биде отворен помеѓу 2-ри август и 8-ми септември, што значи дека ќе може да се користи веќе следното лето.

,,Очекувам автопатот Охрид-Кичево, согласно најавите, да биде завршен до крајот на оваа година, или првата половина на следната година. Но, делот којшто вас најмногу ви значи, а тоа е отворањето од Извор кон Аеродромот, затоа што голем дел го користат аеродромот и кога доаѓаат од дијаспора, ќе биде отворен помеѓу 2 август и 8 септември, што значи веќе следно лето ќе може да се користи“, истакна Николоски.

Тој истакна дека  Владата активно работи на отворање нови директни авиолинии, вклучително поврзаност со Италија.

,,Ова е еден голем сериозен инфраструктурен проект, којшто го работиме, и се надевам дека заедно со градоначалникот, заедно со посветеноста на ЈПДП, за многу брзо време целиот овој крај ќе биде поврзан на коридорот 8 и на автопатот којшто оди од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево до Охрид и до Струга. Тоа е едната голема работа која што сакам да ја кажам“, кажа Николоски и додаде:

,,Втората, откако е избрана оваа Влада многу сериозно работиме на отворање на нови директни дестинации, што значи полесно патување, 21 нова е отворена. Најголем дел се од скопскиот аеродром, дел се од охридскиот аеродром. Можам да најавам поврзаност со Италија. Веќе за јужна Италија се отворија линиите за Наполи и за  Бари од Скопје, а додека за северна Италија во април месец стартува директна линија Охрид-Милано, што многу ќе помогне за луѓето коишто живеат на северниот дел“.

,,Најавувам нови авиолинии кои што ќе ја олеснат комуникацијата. На тоа доаѓа Аустриан аирлинес, кои што почнуваат редовно да летаат Виена-Охрид, а преку Виена после имате конекција за целиот свет. Охрид-Истанбул веќе имате исто така редовна линија и конекција за цел свет, а скопскиот аеродром веќе оваа година надминува 3 милиони патници, следната година очекувам да надмине 3 и пол милиони патници, што е далеку над бројот којшто го има државата, што мислам дека сериозно говори што сакаме да направиме“, вели Николоски.

Тој истакна дека економскиот развој е третата клучна тема, со посебен фокус на инфраструктурата како основен двигател, и дека лично ќе ја поддржува општината, обезбедувајќи дополнителни средства преку Министерството за транспорт за завршување на сите инфраструктурни проекти во Маврово-Ростуше, надвор од редовните фиксни средства по глава на жител.

,,Давам лично ветување дека ќе го помагам Онер како иден градоначалник. Ние тоа веќе го правиме моментот кога е вршител на должноста, имавме еден доста сериозен состанок во Министерството за транспорт и ќе го продолжиме да го правиме тоа и бројни проекти ќе реализираме заедно“, посочи Николоски и додаде:

,,Имајќи предвид дека се работи за една исклучително битна општина за нас, стратешка општина за нас, најавувам поддршка надвор од она што се редовно предвидени средства. Знаете дека ние даваме за секоја општина, фиксни средства кои што одат по глава на жител. Некаде околу 135 евра по глава на жител, во однос на општина Маврово Ростуше ќе има дополнителни средства кои што ќе одат преку Министерството за транспорт како еднаш засекогаш би можеле да ги завршиме сите инфраструктурни проекти и веќе да не зборуваме за инфраструктурни проекти“.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top