На прво место

Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

vmro3

15-vmro 1 copy copy copy

Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси.

Иако, СДС и Филипче, од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика.

Затоа што тема на лидерската средба, на која Филипче одбива да биде дел, ќе се разговара за реформските закони кои се дел од реформската агенда за ЕУ која има за цел унапредување на економскиот раст и стабилноста на државата.

Венко Филипче покажа дека се добро во и за државата му смета. Му сметаат реформите во правосудството, во безбедноста, слободата на изразување како и напредокот на државата.

На денешниот, таканаречен, брифинг со новинарите Филипче потврди дека го интересира само неговата партиска фотелја во СДС која верно му ја чува на неговиот ментор и верен другар од лудите журки по Дубаи и Халкидики.

Го разбираме зошто е против реформите во правосудството и обвинителство. Затоа што до коска е исплашен од чистењето на кадрите бирани од Бихаќка кои го штитат од одговорност за криминалот од 20% провизија за модуларните болници, кој во Тетово го зема данокот од 14 живи изгорени луѓе за само две минути.

За тендерите за набавка на јаглен за ЕСМ на фирма која на него му подарува луксузен џип Ауди, за вакцините во корона периодот кои сакаше да ги набави по цена дупло повисока од пазарната и тоа од компанија за тропско овошје и ред други.

На Филипче му пречи и слободата на говорот на новинарите кои поставуваат легитимни прашања и бараат ставови и одговори за разни области, па така немајќи аргументи и одговори, новинарите, кои самиот ги викнал на брифинг, ги навредува дека шират пропаганда.

Исто така, видовме дека на Филипче му сметал и системот Сејв сити, кој е систем којшто се подготвувал долги години и кој, во овој пробен период, покажа дека е многу ефикасен во гарантирањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, но и во утврдувањето на сторителите на сообраќајни прекршоци.

На Македонија не и треба ваква опозиција, која е против се само за да биде против.

Време е Филипче да се надмине себеси, затоа што државата има потреба од одговорни и сериозни политичари.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top