На прво место

Зубовце традиционално го слави Василици

41vas 2

41vas 2

Зубовце традиционално го слави Василици – празник на радоста, благословот и заедништвото

Во духот на вековната традиција, македонскиот народ на 1 јануари според стариот, односно на 14 јануари според новиот календар, ја дочекува Православната Нова година.

Овој ден, познат како Василици, носи силна симболика на нов почеток, благослов, здравје и бериќет, а во гостиварското село Зубовце празникот се одбележува со особена радост и гордост.

Уште од раните утрински часови, селото оживува со гласовите на младите василичари. Тие, со насмевка на лицето, шетаат од куќа до куќа, носејќи ја пораката на празникот. Со песна, благослови и традиционални изреки, ги веселат домаќините и им посакуваат здравје, среќа, слога и напредок во новата година. Одекнува традиционалниот поздрав „Сура догодина повесели“, кој се слуша низ целото село и создава чувство на заедништво и духовна топлина.

Според обичајот, домаќините ги пречекуваат василичарите со отворени врати и срце, дарувајќи ги со јајца, колбаси, пари и други пригодни подароци. Верувањето вели дека куќата која ќе биде посетена од василичари ќе има бериќет, мир и благослов во текот на целата година. Токму затоа, на Василици сите треба да бидат будни и подготвени да ги дочекаат младите чувари на традицијата.

За зубовчани, овој празник не е само обичај, туку жива врска со предците, доказ за континуитетот на македонската духовна и културна традиција, која се пренесува од генерација на генерација.

Жителите на Зубовце со право се горди на ова наследство, кое, како што велат, се негува од памтивек. Нивната порака е јасна и силна: минатото е важно, затоа што иднината зависи од почитта кон минатото. Токму празниците, обичаите и заедничките прослави најдобро ја покажуваат таа врска меѓу вчера, денес и утре.

За многу години празникот Василици, со желби за здравје, мир и радост, и догодина уште повесели.

АМИН!

41713vas

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top