На прво место

Македонија оди напред и без СДС и Филипче

vmro podava raka copy

vmro podava raka copy

Додека Христијан Мицкоски се обидува државата да настапи обединето и да создаде минимум национален фронт во време на сериозни предизвици, Филипче свесно, намерно и без никаква дилема ја слабее Македонија одвнатре.

Ова не е случајност, ова е ладнокрвна политичка одлука – одлука Македонија да се држи во заложништво на теснопартиски калкулации, лични суети и страв од сопствената политичка сенка. Одлука да се одбие подадената рака за државен консензус, не затоа што е лоша, туку затоа што не одговара на партиската математика на Филипче.

Во време кога државата бара минимум национално единство, Филипче намерно избира конфронтација. Наместо да покаже државничка зрелост, тој се однесува како партиски функционер заглавен во внатрешни пресметки, паника и страв за сопствената политичка иднина. Државата за него е секундарна тема; примарна е личната позиција и опстанокот на врвот на партијата.

Дијалогот за Филипче не е демократска алатка – тој е закана. Закана затоа што дијалогот бара став. Бара храброст. Бара преземање одговорност. А токму тоа недостига. Дијалогот ја разголува политичката празнина, отсуството на визија и неспособноста да се носат тешки, но неопходни одлуки.

Подадената рака за консензус не е акт на слабост, ниту барање за подаништво. Таа е повик за разум. Повик за заштита на државните позиции, националниот идентитет и институционалната стабилност. Но Филипче, со ароганција и партиска заслепеност, ја оттурна. Со тој чин испрати јасна порака: за него партиската стратегија е поважна од државата, а дневнополитичкиот профит – поважен од националниот интерес.

СДС со години држеше лекции за „европски вредности“, а денес ги гази една по една. Во Европа, дијалогот е темел на демократијата. Кај Филипче, дијалогот е непријател. Инклузивноста важи само кога СДС е на власт; кога треба да се сподели одговорност, следат бегање, блокада и саботажа.

Филипче не нуди алтернатива, не нуди решение, не нуди ни минимален план, Тој нуди само „не“.
„Не“ за сè што не му носи дневнополитички поени.
„Не“ дури и кога станува збор за државен интерес.
„Не“ за Македонија, ако тоа значи „да“ за некој друг.

Најопасно од сè е што со ваквиот став Филипче директно ја поткопува позицијата на Македонија во клучни, чувствителни и историски моменти. Одбивањето на дијалог не е принципиелност – тоа е признание на слабост. Историјата е немилосрдна и јасна: оние што одбиваат дијалог кога државата го бара, завршуваат изолирани, поразени и на маргините.

Македонија ќе продолжи напред – со или без СДС и Филипче. Но трагедијата е што цената за нивното инаетење, кукавичлук и партиска заслепеност ја плаќаат граѓаните.

Прашањето е само едно: дали Филипче ќе остане симбол на политиката на „вечна опозиција“, страв и блокада, или ќе најде храброст да излезе од сопствената сенка?

Засега одговорот е недвосмислен и брутално јасен: додека Христијан Мицкоски се обидува да ја обедини државата и да изгради заеднички национален фронт, Филипче свесно ја урива Македонија одвнатре, ставајќи ја сопствената политичка агенда над интересите на државата и нејзините граѓани.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top