На прво место

СДС–од партиска опозиција до опозиција на националните интереси

zaev-filipce

zaev-filipce

Одамна е јасно дека СДС повеќе не функционира како нормална и одговорна опозициска партија.

Со своите прес-конференции, јавни настапи и политички ставови, таа не води борба против актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, туку директно удира по интересите на Македонија.

Денес СДС не е само партиска опозиција – таа сè поотворено се профилира како политички субјект што дејствува спротивно на државните и националните интереси.

По години власт обележани со системски криминал, корупција без преседан, разнебитување на институциите и серија одлуки што ја понижија Македонија и ја ослабеа нејзината меѓународна позиција, СДС денес глуми загрижена опозиција.

Истите тие што ја распродаваа државата, прифаќаа штетни компромиси и ги газеа институциите, сега држат морални лекции. Тоа не е само лицемерие – тоа е отворен политички цинизам и навреда за здравиот разум на граѓаните.

Секој чекор што значи заштита на националните интереси, секоја одлука што ја зајакнува позицијата на Македонија, секоја иницијатива за враќање на достоинството на државата – за СДС автоматски станува „проблем“, „криза“ или „опасност“.

Наместо да застанат зад државата, тие застануваат против неа.

Наместо порака на единство кога тоа е најпотребно, тие свесно шират сомнеж и недоверба – и во земјата и пред меѓународната јавност.

Преку своите настапи, СДС директно ја поткопува меѓународната позиција на Македонија и ја слабее нејзината преговарачка моќ. Државата се прикажува како разединета, нестабилна и неспособна да има сопствен став. Тоа не е случајност, ниту политичка грешка. Тоа е континуитет на политика на СДС која отсекогаш била насочена против националниот интерес, а во корист на теснопартиски и лични агенди.

По сè што направија додека беа на власт, СДС денес нема ни политичко, ни морално право да зборува за државни и национални интереси. Наместо да се соочат со сопственото минато и да им се извинат на граѓаните за штетите што ги оставија зад себе, тие продолжуваат со лаги и манипулации, надевајќи се дека со бучава и напади ќе ја сокријат сопствената одговорност.

СДС беше партијата што прифати понижувања како „реалност“, откажувања како „неминовност“ и штетни компромиси како „успех“. Партија што ја претвори дипломатијата во сервилност, а националниот интерес во ситна монета за политичко преживување. Денес, истата таа партија, без трошка срам, се обидува да глуми патриотска загриженост, додека во пракса прави сè Македонија да изгледа слаба, поделена и без достоинство.

За СДС, државниот интерес секогаш бил секундарен.

Партискиот опстанок бил и останува апсолутен приоритет. Затоа секоја политика што значи исправување на нивните грешки, секоја одлука што ја зајакнува позицијата на Македонија, секој обид за национално зацврстување, тие го напаѓаат со сите средства. Логиката е јасна и опасна: колку полошо за Македонија, толку подобро за СДС.

Наместо национално единство околу клучните прашања, СДС избира внатрешни конфликти.

Наместо државна одговорност, нуди лаги, манипулации и политички конструкции.

Наместо искрена критика, нуди саботажа.

Наместо визија, нуди дефетизам.

Македонија нема проблем со опозиција – опозицијата е неопходна во секоја демократија. Македонија има проблем со СДС – партија која кога е на власт ја користи државата како личен имот, а кога е во опозиција работи против неа. Тоа не е демократска алтернатива. Тоа е политички фактор кој со години дејствува како товар за државата и како закана за националниот интерес.

Историјата ќе покаже дека СДС не ја изгуби поддршката затоа што изгуби избори, туку затоа што ја изгуби врската со Македонија, со македонските граѓани и со македонските национални интереси.

Поради антимакедонските политики и деструктивното однесување на раководството на СДС, довербата кај граѓаните е речиси целосно изгубена, а партискиот рејтинг се наоѓа на најниско можно ниво.

Тоа е директна последица на нивниот континуиран судир со интересите на Македонија, а не случајност или моментален политички пад.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top