На прво место

Опозиција по сопствено уверување!

e1aaed62-f635-43ad-bf13-425168789f5b

e1aaed62-f635-43ad-bf13-425168789f5b

„СДСМ е единствена вистинска опозициска партија, има нова сила и продолжува со борбата. Не сме сами, со нас се граѓаните. Ние нема да се продадеме, ниту за тендери ниту за ништо. Нема да биде контролирана опозиција! Ние сме тука за да ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ“.

Во најновото соопштение на СДС повторно ја гледаме истата, веќе добро позната матрица: самопофалба, големи зборови и уште поголемо потценување на јавната меморија. Партијата која седум години ја имаше целата власт во свои раце, сега уверува дека граѓаните треба да поверуваат оти токму таа е „единствената вистинска опозициска сила“ и дека, замислете, има „нова енергија“.

Оваа изјава повеќе наликува на класично самопромовирање отколку на сериозна опозициска анализа. Притоа, таа директно ги потценува граѓаните, како да се очекува дека за миг ќе бидат заборавени штетите и последиците од седумгодишното владеење на СДС.

Тврдењето дека СДС е „единствената вистинска опозициска партија“, дека има „нова сила“ и дека „продолжува со борбата“, звучи повеќе како партиски слоган отколку како аргументирана позиција.

Повиците дека „со нив се граѓаните“, дека нема да се „продадат за тендери“ и дека нема да бидат „контролирана опозиција“, оставаат впечаток на декларативна реторика, без соочување со сопственото минато и без јасен одговор на прашањето: зошто граѓаните повторно би им ја довериле власта, ако токму нивното претходно владеење беше изворот на разочарување.

Кога политичарите зборуваат за нова сила, најчесто мислат на нов речник, а не на нова одговорност. Ниту збор за штетите од нивното владеење, за аферите што се редеа една по друга, за институциите што беа партизирани, ниту за довербата која се трошеше побрзо од буџетските пари. Наместо соочување со минатото, добиваме декларации за светла иднина и ветување дека „со нив се граѓаните“.

Особено впечатлив е делот каде СДС свечено се колне дека нема да се продаде „ниту за тендери, ниту за ништо“. Ова ветување, изречено без трошка иронија, доаѓа од партија чие владеење беше синоним за сомнителни јавни набавки, партиски вработувања и селективна правда. Очигледно, проблемот не бил во системот, туку во тоа што сега се во опозиција.

И уште една реченица која заслужува внимание: „Нема да бидеме контролирана опозиција“. Со други зборови, СДС сака да нè увери дека, иако додека владееше ја контролираше речиси секоја институција, сега конечно ја открила магијата на независноста. Се поставува логичното прашање – ако ова е неконтролирана опозиција, тогаш што беше неконтролирана власт?

На крајот, останува пораката дека СДС е тука „за да ја врати власта во рацете на граѓаните“. Звучи возвишено, но малку доцни.

Граѓаните веќе еднаш ја предадоа власта, а потоа долго ја бараа назад. Иронијата е што денес токму тие што ја држеа најцврсто, најгласно зборуваат за нејзино враќање.

Можеби следниот чекор ќе биде уште посмела изјава: дека СДС е жртва на сопственото владеење. А дотогаш, граѓаните нека не се грижат – политичката амнезија не е заразна болест. Барем не кај оние што сè уште паметат.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top