На прво место

Да не се повтори никогаш повеќе!

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот. На 27 јануари 1945 година, концентрациониот логор Аушвиц–Биркенау беше ослободен од Црвената армија.

Таму беа пронајдени околу 7.000 преживеани, меѓу кои 700 деца — исцрпени, гладни, но живи сведоци на пекол што траеше 1.689 дена. Во тој период беа убиени повеќе од еден милион луѓе, претежно Евреи, но и Роми, Полјаци, лица со инвалидитет и политички затвореници.

Холокаустот не беше само резултат на омраза — тоа беше индустријализирано уништување, плански злостор што се спроведуваше со државна и институционална поддршка. Комори за гас, железници до логорите, регистри на жртвите — сè беше дел од машината на смртта.

Овој историски факт е непроменлив, но денес се соочуваме со нова форма на опасност: ревизионизам, релативизација на злосторствата и негирање на вистината.

Во многу делови од светот, политички елити и јавни личности се обидуваат да ја избришат вистината. Тие го минимизираат бројот на жртви, го релативизираат злосторството или го користат Холокаустот за политички поени.

Ова не е само непочит кон минатото — тоа е директна опасност за иднината. Кога омразата се легитимира, кога жртвите се релативизираат, а злосторствата се негираат, патот кон нови трагедии е веќе отворен.

Сеќавањето на Холокаустот не смее да биде само церемонијален чин. Тоа е морална и граѓанска должност. Обврска е да се образуваме, да ја пренесуваме вистината на новите генерации, да реагираме кога злото повторно се легитимира во јавниот живот. Секој обид за релативизација, секој говор на омраза, секоја политика што ја искористува минатата трагедија за лична или националистичка корист, е директна опасност за човештвото.

На овој ден, оддаваме почит кон жртвите — но и преземаме одговорност кон иднината. Да се сеќаваме, да зборуваме и да делуваме — за да спречиме повторување на вакви антицивилизациски периоди било каде во светот.

Да не дозволиме да се повтори!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top